Xanadu Island 5*
Локација: Xandu Island е престижен и ексклузивен хотел на обалата на Егејското море, познат по своите прекрасни маслинови дрва, карпести брда и песочна плажа. Се наоѓа на приватен полуостров опкружен со преубави градини и уредени паркови. Сместен е во областа Turgutreis, на 20км од центарот на Бодрум.
Соби: Во склоп на хотелот основна категорија на соба е suite (Courtyard suite, Deluxe suite, Executive suite, Sunset Suite). Станува збор за луксузна и пространа сместувачка единица.Сите се комфорни, модерно опремени, имаат купатило, фен, ТВ, телефон, клима уред, мини бар и балкон.
Содржини: Покрај главниот ресторан, хотелот Xandu Island има и 2 a la cart ресторани со специјалитети од италијанската кујна и морски специјалитети. Во состав на хотелот има и 5 барови во кои се служат лесни бороци, коктели и освежителни пијалоци.
Спорт и забава: Хотелот има 3 базени од кои еден е наменет за деца. Гостите имаат на располагање спа центар со асуна, турска бања, џакузи, внатрешен базен , бројни видови на масажи и козметички третмани. Разновиден програм за анимација во текот на денот и вечерта на госите ќе им овозможи пријатен и забавен престој. На љубителите на спортот и рекреацијата хотелот им нуди многу можности за уживање. Во својата понуда има спортови на вода, куглана, фитнес центар, школа за нуркање, тенис. За најмладите има детски клуб.
Плажа: Хотелот има приватана песочна плажа со лежалки и чадори за сонце