Локација: Хотел Xoria Deluxe се наоѓа во регионот Конакли. Одалечен е 15 км од Аланија и 110 км од аеродромот во Анталија.
Сместување: Вкупниот број на соби во хотелот Xoria Deluxe е 332, кои се распоредени во два блока. Во блок А се наоѓа главната зграда, блокот Б се наоѓа позади главната зграда и има само стандардни соби.
Стандардни соби (28 м2, сместени во двата блока, се состои од 1 спална соба со брачен кревет и единечен кревет, 1 бања)
Големи стандардни соби (32 м2, се состои од 1 спална соба со брачен кревет + единечен кревет + софа, 1 бања)
Семејни дуплекс соби (56 м2, се состои од една спална соба со брачен кревет на прв кат и друга со единечни кревети на приземје, секој кат има сопствено купатило)
Делукс апартман (57 м2, се состои од 1 спална со џакузи, 1 дневна, бања)
Апартман (50 м2, се состои од 1 спална соба со брачен кревет, простор за седење, 1 бања )
Секоја соба располага со: бања со туш кабина, фен за коса, сплит клима, директна телефонска линија, мини бар (вода и сокови само по пристигнување, наполнето само со вода потоа), сеф, ламинат, САТ ТВ и музички канали, балкон.
Содржини: Хотелот во својата понуда има главен ресторан со шведска маса - самопослужување, A'la Carte ресторани (турски и медитерански), лоби бар, бар покрај базен и бар на плажа.
Спорт и забава: Хотелот има надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, 2 тобогани, пинг-понг, одбојка на плажа, турска бања, сауна, парна соба, забавна програма во текот на денот, вечерна шоу програма со стручен тим, мини клуб за деца 4-12 години, игралиште за деца, мини диско навечер. Дополнително се наплаќа: масажа, спортови на вода, СПА центар и салон за убавина, билијард, компјутерски игри.
Плажа: Хотелот има своја приватната плажа, песочна и со камчиња. Лежалки, чадори и пешкири за плажа се бесплатни за гостите на хотелот. Има подземен премин од хотелот Xoria Deluxe 5* до плажата.