Локација:
Хотелот е отворен во 2014 година на оддалеченост од 900м до гондолата, до која е обезбеден превоз , а 800 м од центарот на градот стариот (етно) дел.
Соби:
Хотелот има вкупно 89 стандардни и луксузни соби, како и апартмани со одвоена спална соба. Сите соби и апартмани вклучуваат: купатило (туш / тоалет), сателитска ТВ, радио, телефон, фрижидер, сеф и балкон, Wi-Fi интернет.
Хотелски капацитети:
Хотелот располага со ресторан и лоби бар. Wi-Fi е достапен низ целиот хотел. Бањата е опремена со детски базен, парна соба и турска бања и сауна. За најмладите гости се грижат и тим од аниматори, а во игротеката се достапни видео игри, билијард, пинг понг маса и пикадо. Хотелот располага со паркинг и просторија за ски опремата.
Цената вклучува:
Употреба на базен, сауна, парна бања, џакузи, Wi-Fi, превоз до гондола.