ИЗРАЕЛ - Март
4 дневна богата програма со вклучени посети и разгледи
05.03.2020 – 09.03.2020 ( 3 ноќи / 5 дена)
        
izra_baner1.jpg
 
Реализирајте го сонот со посета на земјата ветена од Господа на Авраам и неговите следбеници, земјата кон која Мојсие ги поведе децата на Израил по егзодусот во Египет и секако земјата родна на нашиот спасител, Исус Христос која и ден денес е колевка и светилиште на трите најголеми религии.
 
Програма на патување:
 
1 Ден 05.03.2020: СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ТЕЛ АВИВ – ЕРУСАЛИМ & ВИТЛЕЕМ (Светиот Гроб - Голгота - Црква на Христово раѓање):
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 05:40. Лет за Истанбул со PC352 во 07:40 часот и слетување во 11:05. Полетување за Тел Авив во 12:30 часот со лет PC783 и слетување во Тел Авив на во 13:30 по локално време. 
Пречек на аеродром од страна на нашиот локален партнер и водич, кој ќе ја придружува групата се до нашето заминување. Трансфер до Ерусалим и посета на Црквата на Светиот Гроб во стариот дел на Ерусалим каде ќе имаме прилика да се поклониме пред плочата на Светиот Гроб, плочата на миропомазувањето и да ја посетиме Голгота, местото на распнувањето на Исус. . Потоа следува трансфер до Витлеем и посета на Црквата на Христовото раѓање каде ќе имаме прилика да влеземе во Пештерата со јаслите, каде се верува дека е роден Исус Христос. Следува трансфер до хотел, вечера и ноќевање во Витлеем.
 
2 Ден 06.03.2020: СТАР ГРАД ЕРУСАЛИМ / Маслинова Гора – патот на страдањето (Via Dolorosa) – Планината Зион – Еврејски кварт – Ѕидот на плачот:
По појадокот заминуваме на целодневна пешачка тура. Почнуваме од Маслиновата Гора од каде ќе имаме можност за прекрасен панорамски поглед на вечниот Свет Град. Посета на Светите места на Маслиновата Гора: црквата Оче Наш каде на македонски јазик, сите заедно на глас ќе се помолиме, Капелата Dominos Flavit, ќе ја посетиме Базиликата на Агонијата со Гециманската Градина. Оваа базилика е попозната како Базилика на Сите Нации. Во Гециманската Градина, Исус ги поминал последните часови пред да биде уапсен. Посета на гробот на Мајката Божја, кој се наоѓа под земја а на површината е само влезот. Спуштајќи се кон гробот се наоѓаат и гробовите на нејзините родители Св.Ана и Св.Јоаким, и гробот на Св.Јосиф. Гробот на Богородица е празен бидејќи од него телото на Богородица се вознело на небото.  Потоа продолжуваме кон Светиот Град, по патот на Христовото Страдание или Via Dolorosa и повторно ќе стигнеме до Базиликата на Светиот Гроб. Ќе продолжиме кон Планината Зион и ќе влеземе во собата каде се одржала Последната Вечера, а потоа ќе продолжиме, преку еврејскиот кварт до Западниот Ѕид (Ѕидот на плачот), најголемото Еврејско светилиште. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
 
3 Ден: 07.03.2020: МРТВО МОРЕ – ЈЕРИХО – РЕКА ЈОРДАН – НАЗАРЕТ - ТИБЕРИСАС:
Појадок. После појадокот, со спакуван багаж тргнуваме кон Мртвото Море - најниската точка на Земјината топка, окулу 400м под морското ниво. Пауза на Мртвото Море каде ќе имаме можност да запливаме (или плутаме) во пријатно топлата и лековита вода богата со минерали. Продолжуваме кон Јерихо, најстариот град на светот, каде со жичара ќе го посетиме Манастирот на искушението. Продолжуваме со патот кон Јарденит, местото каде Св. Јован го извршил крштевањето и каде ке имаме можност да се крстиме во светите води на реката Јордан. Потоа одиме во Назарет, градот во кој Исус поминал поголем дел од детството. Ќе се посети Базиликата на Благовештението и Пештерата над изворот каде Архангел Гаврил се јавил на Марија и соопштил дека ке го роди Исус. Доколку има време, пред да стигнеме во хотелот во Тибериас, ќе ја посетиме во Кана Галилејска црквата каде се верува дека Исус го направил првото од трите Исусови чуда, кога ја претворил водата во вино на свадбарската веселба. Пристигнување во хотел. ВечераНоќевање.
 
4 Ден 08.03.2020: Светите места во Галилеја: Гора на Блаженствата – Табха – Галилејско Езеро – Хаифа – Тел Авив – Јафа – аеродром Тел Авив​:  
По појадокот, со спакуван багаж одиме во посета на светите места покрај Галилејското Море, каде Исус пред своите апостоли и мноштво верници одржал дел од своите познати проповеди. Посета на Планината на Блаженствата и Табха место каде се случило умножувањето на рибите и лебот со кои Христос ги нахранил верниците. Потоа ќе имаме можност за пловење со брод и Ручек – риба во традиционален ресторан (вклучен во цената). По паузата за ручек ќе продолжиме со патувањето кон прекрасните Бахајски градини во градот Хаифа каде ќе имаме можност за прекрасен панорамски поглед на градот и пристаништето од планината Кармел. Од Хаифа се упатуваме кон Тел Авив, со краток стоп кај аквадуктот во близина на Цезареа. Продолжуваме кон Јафа, стариот дел на Тел Авив, каде ќе имаме прошетка, а после прошетката организирана вечера во локален ресторан до доцните вечерни часови. По полноќ заминуваме кон аеродромот во Тел Авив. 
 
5 Ден: 09.03.2020: ТЕЛ АВИВ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ:
Лет кон Истанбул во 05:30, пристигнување во 08:45. Лет од Истанбул кон Скопје во 10:00, пристигнување во 09:30 по локално време.
 
И ДОГОДИНА ВО ЈЕРУСАЛЕМ – АМИН.
 
 

ПАКЕТ ИЗРАЕЛ - МАРТ

ХОТЕЛ 3* / 4*

ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ

05.03.2020 – 09.03.2020  

ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ

05.03.2020 – 08.03.2020

УСЛУГИ

3HB

НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ

3Н / 4Д

Цена По лице во 1/2 соба со ВКЛУЧЕНИ аеродромски такси (РЕЗЕРВАЦИИ до 31.01)

665 € / 41.230 мкд

Редовна Цена по лице во 1/2 соба со ВКЛУЧЕНИ аеродромски такси 695 € / 43.090 мкд

Попуст за трето возрасно лице

- 30 € /  - 1.860 мкд

Доплата за еднокреветна соба

140 € / 8.680 мкд

 
Цената влучува: 
• Повратен авионски билет Скопје – Тел Авив - Скопје, преку Истанбул.
• Аеродромски такси.
• Сместување во Хотели со 3* на база полу пансион (појадок и вечера) - 2 ноќи во Витлеем во хотел Paradise Premium или сличен + 1 ноќевање во Тибериас во хотел Astoria или сличен.
• Сите трансфери према програмата во модерен туристички автобус.
• Пловење со брод по Галилејско Езеро, жичарница до Манастирот на искушението во Јерихо и сите влезници за местата кои се посетуваат согласно програмата.
• Ручек на Галилејско езеро – порција риба “Св. Петар“.
• Стручен локален водич на српски јазик за време на целиот престој во Израел.
• Техничко водство / Пратител на групата.
 
Цената не влучува: 
• Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата
• Задолжително патничко осигурување
• Задолжителен бакшиш за шоферите и возачите – 30 € (се плаќа при пристигнување во Израел)
• Вечера на 8ми Март
 
Забелешки
• Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 20.
• Организатор на ова патување е AУРОРА Турс.
• За резервации потребен е аванс од минимум 30% од вкупнот износ на аранжманот.
• Целосна уплата, најдоцна петнаесет (15) дена пред започнување на аранжманот.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот.
• Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
• Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.