ЈОРДАН - НОВА ГОДИНА 2023

АМАН  МРТВО МОРЕ  ПЕТРА  ВАДИ РУМ  АКАБА

Групно празнично патување со лет од Скопје и богата програма со вклучени разгледи, посети, тури... А новогодишната вечер - под ѕвезденото небо на мистериозната пустина Вади Рум!
 

26.12.2022 - 02.01.2023
» Превземи програма во PDF

 

JordanCamels_1920x500.jpg


Древна земја со посебен шарм и неверојатна историја. Изобилува со легенди и традиции, богато културно наследство и архитектонски атракции, а тука секако е и обалата на прекрасното корално Црвено Море, како и лековитите води на Мртвото Море. А пустината... е тоа е посебна мистерија која треба да се доживее.  Јордан заслужено зазема посебно место во развојот на светските цивилизации и религии.

 

Петра - фасцинантна по својата убавина, привлекува милиони посетители, а целиот град е како уметничко дело насликано на платно од природен камен. Откриена е во 1812 година од швајцарскиот истражувач Јохан Буркхарт, Петра сè уште продолжува да не изненадува со своите тајни и убавини! Сместенa е на листата на УНЕСКО но и на листата на седумте светски чуда. Колку и да читате за неa, колку и да е добро и детално опишано, не може да се спореди со чувството и возбуда кога ќе ja ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО! Дали сте подготвени за оваа авантура?

Вади Рум или познат како „Долината на Месечината“,е арапска бајка која чека да биде откриена. Дом на номадските бедуински племиња. Некогаш населен со Набатејци од праисторијата, Вади Рум ви овозможува да се изгубите во големите пејсажи. Спокојството на пустината сигурно ќе ви го смири духот и ќе ви ги ослободи мислите.

Акаба - Туристички центар на обалата на најубавото корално Црвено Море. Идеална дестинација за комбинирање на одмор и плажа со градски живот, шопинг и историја.

 

ЈОРДАН - Нова Година 2023

✅ Лет од Скопје преку Истанбул со Turkish Airlines.
✅ 6 ноќевања (5 Полу Пансиони + 1 Ноќевање со појадок).
✅ 3 Ноќевања во Аман (1BB + 2HB).
✅ Посета и разглед на арх. локалитет Џераш. 
✅ Посета и разглед на Мадаба и Планината Небо (религиозни локалитети).
✅ Капење (плутање) во благодетната вода на Мртво Море.
✅ 1 ноќевање во хотел покрај Мртвото Море.
✅ Целодневна посета и разглед на светското чудо Петра.
✅ 1 ноќевање во Петра (HB).
✅ Посета на Вади Рум и 1 ноќевање (HB) во камп среде пустина со вклучено пустинско Џип Сафари.
✅ Новогодишна Вечер во пустина!
✅ Посета и разглед на Акаба покрај Црвеното Море - со обезбеден хотел за дневен престој.
✅ Сите трансфери + разгледи + локален водич на српски / хрватски јазик.
✅ Пратител на групата од Македонија.

 

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

 
1 ден:  СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – АМАН
Состанок на патниците нa Скопскиот Аеродром според претходно договорено време и полетување за Истанбул во Вечерните часови. Пристигнување во Истанбул пред полноќ и полетување за Амансо лет TK814.
 
2 ден:  АМАН – ЏЕРАШ 
Пристигнување во Аман окулу 03.50 часот локално време. По завршување на пасошка и царинска контрола, пречек од страна на локален партнер и трансфер до 4* хотел. Сместување во соби. По одморот и појадокот продолжуваме со разглед на Аман, престолнината на Кралството Јордан. Ќе запознаеме со културата на Хашемитското кралство, со посета на Цитаделата, Римскиот театар, старата џамија, но и со посета на новиот модерен дел на Аман. Враќање во хотел. Вечера.  Ноќевање.
 
3 ден:  АМАН – ЏЕРАШ
По појадокот, се упатуваме кон Џераш, градот кој своето златно време на цивилизација го доживува за време на Римското царство, кога е познат и како Гераса, а денес претставува официјално еден од најдобро зачуваните провинциски градови на Римската империја, сокриен со векови под златните песоци на Јордан пред повторно да биде откриен и достапен на светската јавност. Враќање во хотел. Вечера.  Ноќевање.
 
4 ден: АМАН – МАДАБА – НЕБО – МРТВО МОРЕ
По појадокот, со спакуван багаж се упатуваме кон нови возбудливи дестинации. Посета на Мадаба, оддалечена 30 км од Аман, а која се протега крај Кралскиот пат, стар 5000 години и претставува една од најзначајните локации во оваа Света Земја. Откако ќе одминеме неколку меѓусебно поврзани градови, стигнуваме во Мадаба, позната како Градот на Мозаиците. Од таму го продолжуваме нашето патување до Планината Небо, една од најзначајните локации за верниците од целиот свет, место каде пророкот Мојсие е погребан. Од таму се упатуваме кон реката Јордан и местото на Исусовото Крштевање, по што одиме на обалата на Мртвото море, најниската точка во светот каде што ќе имате можност да уживате во благодетите на солената лековита вода. Сместување во хотел на Мртво Море, Вечера и ноќевање. 
 
5 ден: МРТВО МОРЕ – ПЕТРА 
По појадокот, со спакуван багаж,  се упатуваме кон „Розевиот Град“ Петра, најубавиот град некогаш изграден од човечка рака на Набатејците, а целиот вдлабен во карпи. Посетата започнува со прошетка до Сик, најпознатиот теснец во светот, овековечен и во голем број на филмови, влезот на Градот Петра кој нуди неверојатни пејзажи, визури и искуство кое се памети. Додека шетате долж 1 км долгата патека, над вас бдеат карпите високи и повеќе од 80 м. Боите кои се прелеваат и убавината која природата ја дарила на ова место, се едни и единствени. Кон крајот на Сик, пред нас ќе се појави најспектакуларната глетка, Ал Казнеа (Трезорот) - едно од најфотографираните места во светот. Прошетката низ Петра продолжува покрај улицата на фасадите, кралските гробници, театарот, судницата... Вкупната должина е окулу 4км по правец. По разгледот, враќање назад кон излезот од локалитетот и трансфер до хотелот во Петра, односно во местото Wadi Musa - денешниот населен град каде што се наоѓа локалитетот Петра. Вечера и ноќевање во хотел во Петра.
 
6 ден: ПЕТРА – МАЛА ПЕТРА – ВАДИ РУМ 
По појадокот се одјавуваме од хотелот и се уптатуваме кон посета на локалитетот Мала Петра која исто така плени со својата мистериозност. Патувaњето продолжува до магичниот Вади Рум (Месечева Долина), пустина која според археолозите била населена во праисторискиот период. На пат кон Вади Рум посета на Седумте Столбови на Мудроста, именувани од Лоренс од Арабија. Сместување во хотел. Слободно време. Прослава и дочек на новата година во самиот хотел со новогодишна вечера (дополнителни информации за прославата 15 дена пред поаѓање). Единствена можност за ноќевање во пустина со неверојатни погледи кон звезденото небо.
 
7 ден: ВАДИ РУМ - АКАБА
По појадокот, заминуваме на 2 часовно возење со 4×4 џипови низ пустината. Продолжуваме кон прекрасниот природен лавиринт од монолитски карпи, на некои места високи и по 1750 м, идеални за планинарење и спортско качување. Гостите може да уживаат во мирните прошетки по непрегледната долина на карпести формации, да ги откријат кањоните и цртежите во карпите стари и по 4000 години. Го продолжуваме патувањето кон Акаба - единствениот град во Јордан кој има излез на море, а воедно претставува бесцаринска зона - град фришоп. Панорамси разглед на Акаба. Сместување во хотел за одмор и освежување пред времето предвидено за трансфер доцна вечерта. Слободно попладне и вечер за одмор, индивидуални активности, прошетки и шопинг низ Акаба.
 
8 ден 26.04: АКАБА – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Одјавување на собите во хотелот во Акаба и организиран трансфер до аеродромот. Полетување кон Истанбул со лет ТК 819 во 04:30. Слетување во Истанбул. Продолжување на летот кон Македонија со TK 1003 кон Сkопје во 08:25. Слетување во Скопје во утринските часови.  

 

ЗАБЕЛЕШКИ: 

» Организатор на ова патување е AУРОРА Турс.
» За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници.
» Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
» За резервации потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна петнаесет (15) дена пред поаѓање.
» За овој аранжман важат општите услови на патување на Аурора Турс.
» Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
» Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.