BLUE BEACH GOLF & SPA
Локација: Хотелот Blue Beach Golf
& Spa е нов хотел (отворен на 01.06.2024) сместен
помеѓу два историски града, Сус и Монастир, во регионот Сканес Монастир. Од Сус
е одалечен 12км, а од Монастир околу 15км. Хотелот е на 5 минутно пешачење од
теренот за голф Палм Линкс и од јавачки клуб. Од меѓународниот аеродром во
Монастир е одалечен околу 7км.
Сместување: Хотелот располага со 294 соби, рапоредени во две четирикатни згради.
Собите се опремени со клима уред, телефон, сателитска телевизија, мини
фрижидер, сеф (со доплата), купатило, фен, дел од собите имаат балкон или
тераса.
Двокреветните соби се со поглед на градина или
со поглед на море и имаат капацитет за 2 особи.
Трокреветните соби се со поглед на градина или со поглед на море и имаат капацитет за 3 особи (во една просторија), немаат балкон или тераса.
Четворокреветните соби се со поглед на градина
или со поглед на море и имаат капацитет за 4 особи (во една просторија).
Фамилијарната соба (поврзани соби) се со
поглед на градина или со поглед на море и имаат капацитет за максимум 3
возрасни и 2 деца.
Содржини: Хотелот има рецепција, ресторан, повеќе барови (Lobby Bar, Snack Bar,
Mavarski cafe, Beach Bar), 3 отворени базени од кои еден со тобогани (лежалките
околу базените се бесплатни), детско игралиште, детски клуб, Wi-Fi на рецепција,
анимации, аеробик, тениски терен, пинг-понг, стрелаштво, Спа центар, фитнес,
спортови на вода.
Плажа: Хотелот се наоѓа на сопствена песочна плажа. Гостите можат да користат
чадори и лежалки бесплатно, додека пешкирите се со депозит.