Локација: Хотел Medina Belisaire & Thalasso се наоѓа во Јасмин Хамамет. Се наоѓа на околу 10 километри од центарот на Хамамет, на околу 97 километри од аеродромот во Монастир, на околу 70 километри од аеродромот во Тунис.
Сместување: Хотелот Medina Belisaire & Thalasso се наоѓа во Јасмин Хамамет, на само 200 метри од неговата приватна песочна плажа. Хотелот располага со 276 стандардни соби, 12 апартмани и 4 соби за лица со посебни потреби, распоредени на три ката. Сите соби се климатизирани и имаат тераса или балкон.
Хотелски содржини: На гостите им е на располагање ресторанот „Zeitouna“, 4 тематски ресторани, мавританско кафе, снек бар, бар на плажа. Хотелот нуди забава за целото семејство. Спорт во базен и на плажа, тенис, аеробик, пикадо, мини голф, пинг-понг... А вечерта е резервирана за музичка програма. Хотелот нуди голем спа центар со таласотерапија во ориентален стил.
Плажа: Хотелот има своја приватна плажа, каде користењето на чадори и шезлонги е бесплатно.