Локација: Хотелот се наоѓа во северниот дел на заливот Хамамет, на сопствена приватна плажа. Покрај големата плажа, нуди и бројни спортски и забавни содржини и целодневна забава за гостите од сите возрасти. Услугата во хотелот е „All Inclusive“.
Сместување: Хотелот во својата понуда има климатизирани соби со балкон, со сопствена бања, сателитска ТВ и сеф ( со доплата )
Содржини: Хотелот во својата понуда има рецепција која работи 24 часа, бар, дискотека, ресторан, детско игралиште и мини клуб, внатрешен загреан базен и два надворешни базени, бесплатен интернет во лобито на хотелот. Активности во хотелот: фитнес, тенис, пинг понг, активности со доплата: сауна, масажа, билијард.
Плажа: Хотелот има своја приватна хотелска песочна плажа која располага со бесплатни бесплатни лежалки и чадори за гостите на хотелот.