Локација:
Хотел Adam & Eve е реновиран во 2014 година и располага со 476 соби и 68 вили. Се наоѓа на сопствена песочна плажа, на околу 35 км од аеродромот во Анталија и приближно 45 км од градот Анталија. Хотелот е наменет исклучиво за возрасни лица (16+).
Хотелски содржини:
Хотелот нуди рецепција, главен ресторан и седум à la carte ресторани (турска, италијанска, медитеранска кујна и други), бар, snack бар, плажен бар, диско бар и sunset бар. На располагање се надворешен базен со четири тобогани, како и богата спортска и рекреативна понуда: аеробик, пинг-понг, одбојка на плажа, мини-фудбал, тениски терен, пикадо, јога и пилатес. Дополнително: дневни и вечерни анимации, дискотека, SPA & wellness центар, фитнес центар, финска и руска сауна, парна бања, џакузи и турска бања.
Услуги и активности со доплата:
Со доплата се користат масажи и третмани за лице и тело, маникир и педикир, лекар на повик, room service, странски и локални вина и други алкохолни пијалаци, à la carte ресторани, користење на тениски терен со резервација и часови по тенис, спортови на вода, билијард, фризерски салон, продавници, перална, rent-a-car, фотографски услуги, видео-игри, телефон, факс и интернет кафе.
Соби:
Собите се опремени со клима уред, мини-бар (со доплата), кетлер со сет за чај и кафе, TV, сеф, Wi-Fi интернет, купатило, собни папучи и балкон или тераса.
Исхрана:
Ultra All Inclusive – „сè вклучено“ концепт, според хотелски правила и термини: појадок, доцна појадок, ручек и вечера (самопослужување со избор на повеќе јадења), ужини во текот на денот и локални алкохолни и безалкохолни пијалаци во одредени часови.
Напомена:
Единствен и препознатлив хотел по својот авангарден дизајн, високо ниво на услуга и интензивен ноќен живот. Се препорачува за парови и гости кои бараат забава во луксузна атмосфера. Хотелот е наменет исклучиво за лица над 16 години.