Коста Брава  • Директен лет • Летување во Шпанија
Коста Брава е најпознатото и најпосетувано летувалиште во Шпанија со брег голг окулу 40км и се протега северно од Барселона. Во нашата понуда ќе ги најдете најразвиените летувалишта како Калеја, Санта Сузана, Лорет Де Мар. Бланес..
Коста Брава  - Летување
Брегот на Каталонија не го сочинуваат само долгите, урбани песочни плажи полни со туристи, Нас многу повеќе не фасцинираа скриените заливи и прекрасната природа за која најверојатно не сте слушнале баш многу. Северот на Коста Брава е неизбрусен дијамант на Западниот Медитеран. Најубавиот дел на овој брег,  Плажата на златниот триаголник, успеал да ги сочува шармот и убавината на старите пристаништа и рибарските  населби познати по опуштената локална атмосфера и извонредната гастрономска понуда
Во овој регион се наоѓаат и места кои посебно би ги издвоиле заради нивното значење.
Гирона кој е еден од најстарите градови на Каталонија со прекрасен, Еврејски кварт, Фигуерас, родното место на салвадор Дали, креаторот на најубавите објекти во Барселона и Емпуриес, антички град од грчко римскиот период.