Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Akka Alinda
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација:
Hotel Akka Alinda се наоѓа на сопствена камчеста плажа, во регионот Кириш, на околу 7 км од Кемер и приближно 65 км од аеродромот во Анталија. Хотелот се состои од главна зграда и три анекс-блока, опкружени со уредени зелени површини.

Хотелски содржини:
Хотелот располага со главен ресторан, два à la carte ресторани, три барови, бесплатен Wi-Fi интернет, фитнес центар, надворешен и затворен базен, два тобогани, одбојка на плажа, тениско игралиште и пинг-понг. За најмладите се организирани мини-клуб, разновидни дневни активности, детски ужини, игри и натпревари во текот на денот.

Услуги и активности со доплата:
Со доплата се користат собна услуга, à la carte ресторани, перална, телефон и факс, свежо цедени сокови, лекарски услуги, маркети, SPA центар, осветлување на тенискиот терен, масажи, билијард и моторни спортови на вода.

Плажа:
Користењето на лежалки, чадори и пешкири е бесплатно за гостите на хотелот.

Соби:
Стандардните соби со делумен поглед на море се наоѓаат во блоковите B и C, реновирани во 2014 година, со површина од 22–25 м² и опремени со клима уред, TV, телефон, сеф, мини-бар, купатило со фен и балкон.
Стандардните соби во главната зграда се со големина од 22–26 м², реновирани во 2011 година, со иста основна опрема.
Comfort собите се со поголема површина (до 32 м²), сместени во целосно реновиран блок во 2014 година, и дополнително располагаат со сет за кафе и чај, бањарка и еднократно бесплатно користење на à la carte ресторан за време на престојот.
Duplex семејните соби се реновирани во 2014 година, со површина од околу 40 м², сместени во анекс-зградата и со опрема идентична на стандардните соби.

Исхрана:
Premium Ultra All Inclusive – „сè вклучено“ концепт, според хотелски правила и термини: појадок, доцна појадок, ручек, доцна вечера, ужини, како и локални алкохолни и безалкохолни пијалаци.

Веб-страница:
https://www.akkahotels.com/tr/alinda