Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Akka Antedon
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација:
Hotel Akka Antedon се наоѓа на песочно-камчеста плажа, во прекрасно шумско и зелено опкружување, во местото Белдиби, на околу 15 км од Кемер и приближно 41 км од аеродромот во Анталија. Хотелот располага со главна зграда и Family блок, со вкупно 507 соби, и е особено погоден за семеен одмор.

Хотелски содржини:
Хотелот нуди главен ресторан и четири à la carte ресторани (турски, рибен, италијански и француски), седум барови, надворешен и затворен базен за возрасни, како и надворешен и затворен базен за деца. На располагање се и аква парк, дневна и вечерна анимација, SPA центар, масажи, парна бања, турска бања, сауна, џакузи, фризер, интернет, кино сала, дискотека, перална и продавници.

Содржини за деца:
Хотелот нуди одлични услови за најмладите: детски базени, тобогани, детско мени, мини-клуб за деца од 4–7 години, midi-клуб за деца од 8–12 години, игралиште, анимација, играоница и мини-диско. За бебиња се обезбедени грејачи и стерилизатори за шишенца, микробранови печки и блендери за подготовка на храна.

Спортски активности:
На располагање се два тениски терени, одбојка на плажа, фитнес центар, аеробик, бадминтон, пинг-понг, билијард, школа за нуркање и спортови на вода.

Услуги и активности со доплата:
Со доплата се користат увозни пијалаци, специјални локални и увозни вина, шампањ, флаширани пијалаци, свежо цедени сокови (освен за време на појадок), енергетски пијалаци, à la carte ресторани (околу 5 € по лице, со резервација), room service, ноќен тенис и часови по тенис, моторни спортови на вода, школа за нуркање, павилјони на плажа, играоница, SPA услуги и масажи, интернет, телефон, фризер, перална и продавници.

Сместување:
За сезоната 2024 хотелот нуди нови и реновирани Deluxe типови соби: Deluxe Room, Deluxe Larger Room, Deluxe Amor Suite, Deluxe Family, Deluxe Family Suite, Deluxe Duplex и Deluxe Duplex Suite. Сите соби располагаат со клима уред, SAT TV, телефон, Wi-Fi интернет, мини-бар, сеф, купатило со фен и балкон. Семејните соби се сместени во Family блокот или се duplex соби во главната зграда и располагаат со две купатила.

Исхрана:
Premium Ultra All Inclusive – „сè вклучено“ концепт, според хотелски правила и термини: појадок, доцна појадок, ужини, ручек, попладневна ужина, вечера, ноќен оброк, свежо цедени сокови за време на појадок, детско мени, како и локални алкохолни и безалкохолни пијалаци. Послужувањето е на база на самопослужување со избор на повеќе јадења.Забавна програма во текот на денот, натпревари покрај базенот и на плажа, во вечерните часо

Плажа:
Хотелската плажа е со средно крупен песок, чадори за сонце, лежалки и пешкири за плажа не се наплатуваат. Павиљони со претходна резервација и се наплатуваат.