Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Akka Claros Hotel
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација:
AKKA Hotels Claros 4* се наоѓа во местото Кириш, во регионот Кемер, една од најпопуларните дестинации во Анталија, на околу 350 м од морето. Сместен е во подножјето на историските планини Олимпос, во природно опкружување со портокалови дрвја и борови шуми, што му дава топла и семејна атмосфера. Хотелот е отворен во 2003 година и е дизајниран првенствено за удобен престој на семејства со деца. Благодарение на својата локација, претставува и одлична појдовна точка за разгледување на регионот Кемер. Оддалечен е околу 7 км од Кемер, 44 км од центарот на Анталија и 65 км од аеродромот во Анталија.

Хотелски содржини:
Хотелот располага со главен ресторан, два барови (покрај базенот и во лобито), бесплатен Wi-Fi интернет во целиот објект, два надворешни базени за возрасни и деца (еден со два тобогани), дневна и вечерна анимација за возрасни и деца, мини-клуб, Sudeya SPA центар (со доплата), парна бања, турска бања, сауна, џакузи, фризер, перална и лекарски услуги (со доплата), продавница/мини-маркет и rent-a-car.

Содржини за деца:
За најмладите се обезбедени детски базен со тобогани, детско мени, детски столчиња во ресторанот, мини-клуб за деца од 4–7 години, детско кино, играоница, надворешно игралиште и анимација според хотелски распоред. Хотелот е добар избор за семејства со деца. Детско креветче е достапно на барање.

Спортски активности:
Утринска гимнастика, пикадо, одбојка, зумба, боќање, фитнес, степ-аеробик, одбојка на плажа и спортови на вода (со доплата).

Услуги и активности со доплата:
Со доплата се користат увозни пијалаци, специјални локални и увозни вина, шампањ, флаширани пијалаци, свежо цедени сокови, енергетски пијалаци, собна услуга, моторни спортови на вода, играоница, babysitting надвор од работното време на мини-клубот, SPA третмани за убавина и различни видови масажи, телефон и факс, фризер, перална, продавница и фотографски услуги.

Плажа:
Гостите користат песочно-камчеста плажа, широка околу 50 м, оддалечена 350 м од хотелот. На плажа се вклучени сендвичи, овошје и безалкохолни пијалаци. Лежалки и чадори се бесплатни, а пешкирите за плажа се добиваат во хотелот со депозит-картичка.

Соби:
Хотелот располага со вкупно 90 стандардни соби, кои се доделуваат според моментална расположливост. Собите се со површина од околу 22–25 м² и се наменети за сместување на максимум 2+2 лица (доколку второто дете е до 6,99 години) или 3 возрасни лица. Сите соби имаат француски кревет или два одделни кревети и софа (со можност за дополнителен лежај), купатило со туш/WC, фен, централна клима (според хотелски распоред), мини-бар (само вода), керамички под, сеф (со доплата), LED SAT TV, телефон, балкон или тераса.

Исхрана:
All Inclusive – „сè вклучено“ концепт, според хотелски правила и термини до 23:00 часот: појадок, ручек и вечера, ужини во барот покрај базенот, попладневно кафе, колачи, сладолед, gözleme и ayran. Вклучени се локални алкохолни и безалкохолни пијалаци, кои се служат во чаши. Послужувањето е на база на самопослужување со избор на повеќе јадења.
Напомена: при помал број гости, хотелот може да го промени начинот на послужување (мени или избор на повеќе јадења), без да влијае на квалитетот на услугата.