Локација:
Hotel Akra Kemer се наоѓа на околу 600 м од центарот на Кемер, 55 км од аеродромот во Анталија и приближно 45 км од центарот на Анталија. Хотелот е отворен во 2003 година, а последно е реновиран во 2018 година. Се простира на површина од околу 30.000 м² и располага со 360 соби.
Хотелски содржини:
Хотелот нуди рецепција и лоби, главен ресторан и 4 à la carte ресторани (рибен, турски, азиски и италијански – бесплатно еднаш за време на престојот, со задолжителна претходна резервација), повеќе барови, надворешен и затворен базен, тобогани и детски базен. На располагање се и турска бања, сауна, фитнес центар, аеробик, боќање, мини-голф, одбојка на плажа, пикадо, тенис, пинг-понг, куглање, билијард и фудбал на маса. Хотелот нуди дневна и вечерна анимација, како и бесплатен Wi-Fi интернет.
Содржини за деца:
За најмладите гости се организирани мини-клуб за деца од 4 до 12 години, игралиште, детски бифе и богата анимациска програма. Дополнително, хотелот нуди baby концепт за бебиња од 0 до 2,99 години, кој вклучува baby телефон, количка, ноша, шампон, сунѓер, лосион и грејач за шишенца.
Плажа:
Хотелот располага со приватна, потесна камчеста плажа. Користењето на чадори, лежалки и пешкири за плажа е вклучено во цената. Нема бар.
Услуги и активности со доплата:
Со доплата се користат луксузни увозни пијалаци, флаширани пијалаци, специјални вина, свежо цедени сокови (освен во Vitamin барот), наргиле, осветлување и опрема за тениски терени, куглање, билијард, масажи, SPA центар и салон за убавина, моторни спортови на вода, лекар на повик, перална и хемиско чистење, услуга за чување деца, телефон, факс и собна услуга.
Сместување:
Собите се опремени со клима уред, SAT TV, мини-бар (вода, минерална вода, безалкохолни пијалаци и пиво – се дополнуваат секојдневно), сеф, сет за кафе и чај, бањарка, папучи, телефон, бесплатен Wi-Fi интернет, купатило со фен и балкон или тераса.
Исхрана:
Ultra All Inclusive – „ултра сè вклучено“ концепт на база на самопослужување и според хотелски правила: појадок, доцна појадок, ручек, попладневни ужини во snack баровите, рана вечера за деца, вечера, полноќни ужини, слатки и пијалак за добредојде, освежувачки пешкири при пристигнување, локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, свежо цедени сокови во Vitamin барот. À la carte рестораните се достапни со претходна резервација и еднаш за време на престојот. Во главниот ресторан се нудат и детско, диетално и веганско мени.