Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Akra Sorgun Tui Blue Sensatori
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација:
Хотелот се наоѓа во местото Соргун, на околу 70 км од аеродромот во Анталија и 4 км од градот Сиде. Плажата е директно пред хотелот, а на гостите им е на располагање сопствена песочна плажа.

Хотелски содржини:
Хотелот располага со рецепција, главен ресторан, пет à la carte ресторани, шест барови, два snack ресторани и пет базени (за возрасни и семејни базени), како и еден затворен базен (сезонски). На располагање се фитнес сала, сауна, SPA центар, турска бања, аеробик, јога, пикадо, стрелаштво, одбојка на песок, боќање, тениски терени, фудбалски терен, мини-голф, дискотека и дневна и вечерна анимација.
За децата се обезбедени детски клуб, игралиште, два детски базена и мал воден тобоган. Бесплатен интернет е достапен во хотелот (со ограничен проток).

Услуги и активности со доплата:
Со доплата се користат лекарски услуги, интернет кафе, видео-игри, билијард, џакузи, парна соба, масажи, ноќно осветлување на тениските терени, сувенирница, фризер, моторни спортови на вода, како и перална и хемиско чистење.

Сместување:
Хотелот нуди разновидни типови соби, поделени на семеен и дел за возрасни (16+).

Стандарден и семеен дел:
– Deluxe соби (38 м², главна зграда, 1 спална соба + софа, макс. 2+1 лице)
– Deluxe соби за 4 лица (38 м², поглед море, макс. 4 лица)
– Corner Suite (46 м², макс. 2+1 лице)
– Penthouse соби со џакузи на тераса (34 м², макс. 2 лица)
– Family соби (40 м², две спални со лизгачка врата, макс. 2+2 лица)
– Superior Family соби (48 м², две одвоени спални, макс. 5 лица)
– Family Penthouse соби со џакузи (48 м², макс. 5 лица)
– Family Superior Swim Up соби (48 м², две спални, два тоалета, макс. 5 лица)
– Swim Up Family соби (40 м², приземје, директен излез на базен, макс. 4 лица)

Дел само за возрасни (16+):
– Deluxe соби (34 м², макс. 2 лица)
– Standard соби со џакузи на балкон (34 м², макс. 2 лица)
– Penthouse соби со џакузи на тераса (34 м², макс. 2 лица)
– Deluxe Swim Up соби со поглед море (34 м², директен излез на базен, макс. 2 лица)
Сите соби се опремени со купатило со туш или када, фен, бањарка и папучи, централна клима, мини-бар (вода, безалкохолни пијалаци и пиво – се дополнува секојдневно), SAT TV и музички канали, телефон, паркет, сет за кафе и чај, балкон или тераса и сеф (со доплата).

Исхрана:
Ultra All Inclusive – „сè вклучено“ концепт, според хотелски правила: појадок, ручек, ужини и вечера на база на самопослужување со избор на повеќе јадења, како и локални/национални алкохолни и безалкохолни пијалаци.