Локација: Хотелот се наоѓа на околу 17 км од центарот и околу 8 км од аеродромот.
Сместување: Хотелот е отворен во 1995 година, зафаќа површина од 134.400 м2 и нуди 489 сместувачки единици распоредени во двокатни згради, од кои сите имаат балкон/тераса, клима уред, сателитска LCD ТВ, фен за коса. Сефот е на рецепција.
Содржина: На гостите им се достапни бројни забавни и спортски објекти како и неколку ресторани и барови. Гостите на хотелот можат да ги користат плажата и базените во хотелот Али Баба. Хотелот нуди три базени за возрасни и три базени за деца, аква парк, дневна и ноќна забава, тениски терени, пинг-понг, аеробик, боче топка, одбојка на плажа. Услугата во хотелот е All Inclusive - појадок, ручек и вечера (самопослужување - избор од неколку јадења според правилата на хотелот). Концептот вклучува и закуски и локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. Хотелот нуди главен ресторан и три a la carte ресторани. На гостите им се достапни и пет барови.
Платени: a la carte ресторани, свежо цедени сокови, увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци и се останато надвор од концептот.
Плажа: Хотелот нуди сопствена плажа долга 150 метри со постепен влез во морето. Користењето на чадори и лежалки е бесплатно за гостите на хотелот.