Локација:
Hotel Alba Resort 5★ се наоѓа во регионот Чолакли, на околу 55 км од аеродромот во Анталија и приближно 8 км од центарот на Сиде. Хотелот е целосно реновиран во 2023 година и претставува одличен избор за летување во Сиде. Од плажата е оддалечен околу 100 м, а во близина има добра поврзаност со јавен превоз и локални содржини.
Хотелски содржини:
Хотелот располага со главен ресторан Olympos на база на шведска маса, à la carte ресторани (Ophelia – италијанска кујна и Anfora – морска храна), како и повеќе барови во рамки на комплексот, вклучително бар на плажа и диско клуб.
На располагање се отворени и затворени базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, мини-голф, кино сала и богата дневна и вечерна анимација со професионален тим. Wi-Fi интернет е бесплатен во јавните делови на хотелот и на плажа.
Сместување:
Hotel Alba Resort има вкупно 445 сместувачки единици, распоредени во 10 блока:
– Стандардни соби (26 м², макс. 2+1 лице; вклучувајќи 6 соби за лица со посебни потреби)
– Стандардни соби со кревети на спрат (25–32 м², макс. 2+2 лица, поглед кон копно)
– Family соби – тип 1 (41 м², две спални соби одделени со врата, макс. 4 лица, поглед кон копно)
– Deluxe Family соби (55 м², две одделни спални соби, две купатила и два балкона, макс. 4 возрасни + 2 деца, поглед кон копно или море).
Сите соби располагаат со купатило со када и туш, фен, централна клима (според временски услови), директна телефонска линија, мини-бар (вода и безалкохолни пијалаци – се дополнуваат секојдневно), кетлер со сет за кафе и чај, сеф (со доплата), тепих или ламинат, LCD SAT TV со музички канали. Wi-Fi во собите е со доплата.
Услуга:
Ultra All Inclusive – „ултра сè вклучено“ концепт на база на самопослужување (шведска маса): појадок, доцна појадок, ручек и вечера, попладневно кафе, чај и колачи, доцна вечерна ужина и ран појадок.
Вклучени се детски и бебешки бифе, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци, à la carte ресторани еднаш за време на престојот (со претходна резервација), сладолед во одредени термини покрај базен, пијалаци во диско клубот до 01:00 часот, како и бар на плажа од 10:30 до 17:30 часот.
Со доплата: Premium увозни алкохолни пијалаци, интернационални и специјални вина, собна услуга, свежо цедени овошни сокови, енергетски пијалаци и флаширани пијалаци.
Спорт и забава:
Надворешни и затворени базени за возрасни и деца, тобогани, тениски терени, одбојка и одбојка на плажа, мини-фудбал, фитнес центар, турска бања, сауна и мини-голф. Преку ден се организираат забавни активности, а навечер специјални шоу-програми, кино проекции, повремено жива музика и забави на плажа. За децата е достапен мини-клуб (4–12 години) во текот на денот и мини-диско навечер.
Услуги и активности со доплата:
Масажи, SPA и салон за убавина, спортови на вода, ноќно осветлување на тениските терени, опрема за тенис, билијард, играоница, лекарски услуги, чување деца, перална и хемиско чистење, фризер, шопинг-зона, телефон, факс, интернет-куток и rent-a-car
Плажа:
Хотелот располага со сопствена песочно-камчеста плажа. Користењето на лежалки и чадори е бесплатно, додека пешкирите се добиваат со депозит.