Локација:
Хотелот се наоѓа во Аланија, на околу 4 км од центарот на градот и приближно 114 км од аеродромот во Анталија. Станува збор за новоотворен хотел, сместен во урбан дел од Аланија, што го прави погоден за млади гости, но воедно и за семејства, благодарение на разновидните анимации, активности и забава за сите возрасти.
Хотелски содржини:
Хотелот се состои од две згради поврзани со лоби и располага со вкупно 390 соби. На располагање се различни анимациски програми и активности во текот на денот, прилагодени и за возрасни и за деца.
Соби:
Сите соби се опремени со SAT LCD TV, клима уред, мини-бар, кетлер, фен за коса, купатило, балкон, Wi-Fi интернет и сеф.
– Стандардни соби (26 м²): со поглед кон градина или базен, француски кревет и еден одделен кревет, максимален капацитет до 3 возрасни лица.
– Семејни соби (52 м²): со поглед кон градина или базен, два француски кревети и два одделни кревети, максимален капацитет до 6 лица.
Плажа:
Хотелот нуди бесплатен shuttle превоз до плажа. Користењето на чадори и лежалки е бесплатно. Во периодот од 10:00 до 17:00 часот на плажа е достапен бар на плажа со пијалаци и ужини.
Услуга:
All Inclusive – „сè вклучено“ концепт: појадок, доцна појадок, ручек и вечера, на база на самопослужување со избор на повеќе јадења, според хотелски правила.