Локација: Хотел Amara Comfort Resort Кемер (пр. Loxia Comfort Resort) ★★★★★ - Кемер, се наоѓа во регионот Гојнук на 6 км од Кемер, 45км од аеродромот во Анталија.
Сместување: Вкупниот број на сместувачки единици на хотелот распоредени во главната зграда и делот на градина изнесува 356 сместувачки единици. Хотелот е реновиран 2023 год.
Стандардна соба во главната зграда (22-23м2, спална соба со брачен кревет и еден единечен кревет, бања, макс 2+1 лица),
Семејни соби во главната зграда (22-35м2, две спални соби одделени со врата, едната со брачен кревет, другата со единечен кревет и софа, бања, макс 4 лица)
Супериорни соби со поглед на море во главната зграда (22-35м2, една голема спална соба со француски кревет, единечен кревет и софа, бања, макс 4 лица),
Градинарски стандардни соби (20-23м2, во дворниот дел, спална соба со брачен кревет, еден единечен кревет и дополнителен кревет, бања, макс 2+2 лица),
Фамилијарните соби во градина (22-35м2, две посебни спални, едната со брачен кревет, другата со два единечни кревети или софа, бања, макс 4 лица).
Сите соби имаат балкон, бања со туш, фен, бањарка и папучи, централна клима која работи во зависност од временските услови, директна телефонска линија, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци само при пристигнување), сет за чај и кафе, сеф, часовник ТВ и музички канали, паркет или плочки, балкон.
Содржина: Главен ресторан на отворено шведска маса, A'la Carte ресторани - турски, италијански и рибен ресторан бесплатно еднаш за време на престојот со закажување, бар покрај базен, Диско бар, бар на плажа, кафуле, лоби бар. , бар на плажа од 10 до 18 часот. А ла карт ресторани со резервација еднаш за време на престојот. Wi-Fi е бесплатен во заедничките простории, собите и фоајето.
Сe доплаќа: лекарска услуга, чување деца, сервис за перење и пеглање, телефон, факс, интернет катче, продавници, компјутерски игри, фризер, rent a car, спортови на вода, Спа и велнес центар, осветлување на тениските терени и тениска опрема.
Спорт и забава: Надворешни и внатрешни базени за деца и возрасни, лизгалки, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, игри на базен, одбојка на плажа, тениски терени, пинг-понг, гимнастика. Забавна програма во текот на денот, натпревари на плажа и во базен, специјални програми и забавни програми на стручниот тим во текот на вечерта. Мини клуб за деца од 4-12 години со програми во текот на денот и вечерта.
Плажа: Хотелската плажа е со камчиња, со лежалки, чадори и крпи за плажа кои се бесплатни.