Локација:
Хотелот Anonymous Beach (Adults Only) се наоѓа директно на песочна плажа, што е негова главна предност. Плажата е јавна, а лежалките и чадорите се достапни со доплата. Хотелот е сместен на околу 2 км од центарот на Аја Напа, во помирен дел, со лесен пристап до локални атракции како манастирот Аја Напа и WaterWorld аква-паркот. Автобуска постојка се наоѓа на околу 200 метри од хотелот, а аеродромот во Ларнака е оддалечен приближно 58 км, со можност за шатл-превоз со доплата.
Соби:
Хотелот располага со 95 соби, вклучувајќи стандардни, супериор и делукс соби, со балкон и поглед кон околината или море. Сите соби се опремени со два одделни кревети, клима-уред со централна контрола, сателитска ТВ, електричен бокал, мини-бар (со доплата) и сеф (со доплата). Бањите се со када и туш.
Хотелски содржини:
Anonymous Beach е петкатен хотел со 24-часовна рецепција, лоби, лифтови, климатизација, киоск, менувачница и бесплатен паркинг. На располагање се два ресторани и два бара. Wi-fi е достапен со доплата. Чистењето на собите е вклучено, додека room service, перење и пеглање и медицински услуги се нудат со доплата. Хотелот е прилагоден и за лица со намалена подвижност.
Спорт и забава:
Хотелот располага со еден надворешен базен со бесплатни лежалки и сонцобрани. Гостите можат да уживаат во одбојка на плажа, аеробик, билијард и пикадо (со доплата), како и изнајмување велосипеди.
Исхрана:
Појадок на база на шведска маса, со можност за полупансион (вечера).
Напомена:
Хотелот е Adults Only (18+). Одредени услуги се со доплата и зависат од сезоната. Персоналот зборува англиски и германски јазик.