Локација:
AQI Pegasos Club се наоѓа во регионот Инчекум, во областа Авсалар, на прекрасна песочна плажа со плитка и кристално чиста вода, идеална за семејства со деца. Од местото Авсалар е оддалечен околу 2 км, од Аланија околу 28 км, а од аеродромот во Анталија приближно 95 км. До Аланија лесно се стигнува со автобус или такси. Хотелот е реновиран во 2018 година и располага со 417 соби.
Хотелски содржини:
Хотелот нуди рецепција со 24-часовна услуга, главен ресторан на база на отворен бифе, лоби бар, бар покрај базен и бар на плажа, диско бар, сала за состаноци и бесплатен Wi-Fi интернет на целата територија. На располагање се и надворешни базени, спортски содржини, како и медицинска помош и перална (со доплата).
Плажа:
Хотелот располага со сопствена песочна плажа, со бесплатни лежалки, чадори и пешкири за плажа. Плиткото море ја прави плажата особено погодна за деца.
Сместување:
Hotel AQI Pegasos Club располага со вкупно 417 сместувачки единици. Сите соби се опремени со купатило со туш кабина, фен, централна клима (според временски услови), директна телефонска линија, мини-бар (една флаша вода при пристигнување), сеф, SAT TV со музички канали, ламинат или плочки, Wi-Fi интернет и балкон (дел од собите се без балкон).
– Стандардни соби (23 м², макс. 2 возрасни + 1 дете)
– Standard Eco соби (23 м², без балкон, макс. 2 лица)
– Големи стандардни соби (25 м², француски кревет + софа, макс. 2 возрасни + 1 дете)
– Семејни соби (38 м², две спални соби одделени со лизгачка врата, макс. 2 возрасни + 2 деца)
Услуга:
All Inclusive – „сè вклучено“ концепт на база на самопослужување (шведска маса): појадок, доцна појадок, ручек, вечера, ужини, попладневно кафе и колачи, доцна вечерна ужина, како и локални алкохолни и безалкохолни пијалаци до 01:00 часот.
Бар на плажа е достапен во периодот 10:00 – 18:00 часот.
Со доплата: Увозни пијалаци и специјални вина, сите флаширани пијалаци и пијалаци во лименка, свежо цедени овошни сокови, собна услуга, сладолед, турско кафе, како и храна и пијалаци по 01:00 часот.
Спорт и забава:
Надворешни базени за возрасни и деца, водени тобогани, фитнес, тениски терени, одбојка на плажа, пинг-понг, дневна анимација со игри и натпревари покрај базен и на плажа, вечерни шоу-програми.
За децата е достапен мини-клуб (4–12 години) со разновидни активности, како и детско кино.
Услуги и активности со доплата:
SPA & Wellness центар, турска бања, сауна, масажи, спортови на вода, билијард, компјутерски игри, лекарски услуги, чување деца, перална и хемиско чистење, фризер, шопинг центар, rent-a-car, телефон и факс.