Локација: Хотелот се наоѓа во Аланија, на околу 28 километри од центарот на Аланија, околу 100 километри од центарот на Анталија и околу 95 километри од аеродромот.
Сместување: Хотелот нуди 417 сместувачки единици и сите имаат балкон/тераса, клима уред, сателитска LCD телевизор, фен за коса.
Стандардната соба е со големина од 23 m² и има балкон со поглед на градина или улица. Се состои од француски кревет или два посебни кревети. Семејната соба е со големина од 38м² и има балкон, а се состои од француски кревет и 1 или 2 софи како дополнителен кревет.
Содржини: Хотелот е отворен во 1998 година, а последен пат е реновиран во 2018 година, зафаќа површина од 31.000 m² и нуди 417 сместувачки единици. На гостите им се на располагање два отворени базени,Еден за деца, голем број на активности- пинг понг, теретана, игралишта за забава, кошарка и тенис, боче, одбојка на плажа, аеробик, како и спортови на вода (џет-ски, сурфање), вечерни забави, спа центар, сали за состаноци, а во фоајето на хотелот и во собите е достапен Wi-Fi. Во хотелот има главен ресторант Olympos и неколку барови – Lobby Bar, Pool Bar, Beach Bar, Lobby Lounge и диско. Со доплата гостите може да користат сеф, услуга во соба, телефон, мини бар, Диско бар, свежо цедени сокови, сладолед, увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, Сервис за перење и пеглање, продавници, фризерски салон, доктор, амам, масажи, сите третмани за нега на лице и тело и се останато надвор од концептот.
Плажа: Хотелот се наоѓа на својата песочна плажа која е означена со синото знаме. Користењето на чадори и лежалки е бесплатно за гостите на хотелот.