Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
AQI Pegasos World
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација:
Hotel AQI Pegasos World се наоѓа во регионот Титрејенгол (Titreyengöl), на околу 7 км од античкиот град Сиде и приближно 70 км од аеродромот во Анталија. Хотелот е сместен во мирна природна околина, во близина на езерото Титрејенгол и нуди одлични услови за семеен одмор.

Хотелски содржини:
Хотелот располага со главен ресторан на база на шведска маса, A’la carte ресторани (турски, италијански и азиски – со претходна резервација, еднаш за време на престојот), повеќе барови во рамки на комплексот, бесплатен Wi-Fi интернет во лоби, како и снек-ресторан на плажа. На располагање се и рецепција, детски ресторан и детски бифе.

Плажа:
Хотелот има сопствена приватна песочна плажа. Лежалки, чадори и пешкири за плажа се бесплатни за гостите.

Сместување:
Hotel AQI Pegasos World располага со вкупно 819 сместувачки единици, распоредени во повеќе блокови.Сите соби се опремени со купатило со туш кабина, фен, централна клима (работи според временски услови), директна телефонска линија, SAT TV со музички канали, керамички под. Со доплата: сеф, мини-бар, сет за кафе и чај.
- Стандардни соби (28 м², една спална соба, едно купатило, макс. 2 возрасни + 1 дете)
- Семејни соби без балкон, поглед кон копно (33 м², две спални соби одделени со врата, макс. 4 лица)
- Семејни соби со балкон, поглед кон копно (36 м², две спални соби одделени со врата, макс. 4 лица)
- Семејни соби со балкон и ограничен поглед кон море (36 м², две спални соби одделени со врата, макс. 4 лица)

Услуга:
All Inclusive – „сè вклучено“, на база на самопослужување (шведска маса):
појадок, ручек и вечера, попладневни ужини, детски бифе и детски ресторан, снек-ресторан на плажа со безалкохолни пијалаци и пиво до 17:00 часот, како и локални алкохолни и безалкохолни пијалаци до 01:00 часот. A’la carte рестораните се користат еднаш за време на престојот, со претходна резервација.
Не е вклучено во Al концептот: Увозни и луксузни пијалаци, специјални вина, коктели, свежо цедени сокови, сладолед, пуканки, вафли, турско кафе, флаширани пијалаци, пијалаци во диско клубот, храна и пијалаци по 01:00 часот, како и собна услуга.

Спорт и забава:
Отворени и затворени базени, водени тобогани, фитнес центар, пинг-понг, одбојка на плажа, мал фудбал, гимнастика, дневни анимациски активности покрај базен и на плажа, натпревари за деца и возрасни, вечерни шоу-програми.
За најмладите гости е достапен мини-клуб за деца од 4 до 16 години, поделен по возрасни групи, со специјално осмислени програми, детско игралиште и мини-диско.

Услуги и активности со доплата:
SPA & Wellness центар, турска бања, сауна, масажи, спортови на вода, тениски терени и осветлување, школа за нуркање, билијард, компјутерски игри, лекарски услуги, чување деца, перална и хемиско чистење, фризер, шопинг центар, rent-a-car, телефон, факс и интернет-катче.