Локација:
Armas Gul Beach Hotel се наоѓа во центарот на Кемер, на околу 55 км од аеродромот во Анталија. Хотелот има главна и анекс зграда, поставени од двете страни на улица и поврзани со подземен тунел, кој води и кон плажата. Последно реновирање е во 2022 година.
Сместување:
Хотелот располага со вкупно 320 сместувачки единици:
- Beach Standard соби (околу 22 м², главна зграда): спална со француски кревет и единечен кревет, купатило, макс. 2+1 лице.
- Anex Standard соби (19–24 м²): спална со француски кревет и единечен кревет, купатило, макс. 2+1 лице.
- Anex Family соби (36–42 м²): две одделни спални (една со француски кревет, една со два единечни кревета), купатило, макс. 4 лица.
- Promo соби (19–24 м², анекс, приземје): спална со француски кревет и единечен кревет, купатило, макс. 2+1 лице.
Опремени се со купатило со туш кабина, фен, клима уред, директна телефонска линија, мини бар (вода и сокови при пристигнување), сеф, SAT TV со музички канали, тепих/ламинат/плочки и Wi-Fi интернет.
Услуга / Исхрана:
Ultra All Inclusive – „ултра сè вклучено“, на база на самопослужување (шведска маса):
појадок, доцна појадок, ручек, попладневна ужина, кафе, чај и колачи, вечера, полноќна супа до 00:00 часот, како и сладолед во одредени термини. Домашни алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10:00 до 24:00 часот (одредени барови работат подолго). A la carte ресторан – еднаш во текот на престојот со претходна резервација.
Хотелски содржини:
Главен ресторан (отворен буфе), a la carte рибен ресторан, лоби бар, бар покрај базен, снек бар, отворени базени за возрасни и деца (во главен и анекс дел), два водени тобогани во анекс дел, фитнес центар, сауна, турско купатило, пинг-понг, детско игралиште, мини клуб за деца (4–12 години), мини диско и дневна/вечерна анимација. Wi-Fi интернет – бесплатно во целиот хотел.
Плажа:
Хотелската плажа е камчеста. Лежалки, чадори и пешкири за плажа – бесплатни. Од анекс зградата до плажата се пристапува преку подземен тунел.
Спорт и забава:
Одбојка на плажа, фитнес активности, дневни спортски игри, вечерни шоуа, мини диско и организирана анимација за деца и возрасни.
Услуги и активности со доплата:
Лекарска услуга, перење алишта, фризер, телефон, факс, компјутерски игри, шопинг центар, rent-a-car, спортови на вода, масажи, SPA центар и билијард.