Локација:
Hotel Armas Labada се наоѓа во местото Çamyuva, во зелена и мирна околина, директно на приватна песочно-камчеста плажа, од која го дели само уредено шеталиште покрај морето. Хотелот е оддалечен околу 5 км од центарот на Кемер, околу 50 км од центарот на Анталија и околу 60 км од аеродромот во Анталија. Во близина, на околу 150 метри, се наоѓа станица за локален превоз (dolmuş), со кој лесно и брзо се стигнува до центарот на Кемер. Хотелот е отворен во 1999 година, а последен пат целосно реновиран во 2021 година и се простира на површина од околу 36.000 m².
Соби и сместување:
Armas Labada се состои од една главна петкатна зграда со лифтови, во која се сместени стандардни соби и junior suite единици. Сите соби се комфорно уредени и располагаат со клима уред, телевизор со сателитски канали и музички програми, директна телефонска линија, сеф, мини-бар (вода бесплатно при пристигнување), сет за кафе и чај, фен за коса и бесплатно Wi-Fi интернет поврзување. Купатилата се со туш или када, а поголемиот дел од собите имаат балкон со поглед кон зеленилото или хотелскиот комплекс.
Услуга / Исхрана:
Хотелот работи на Ultra All Inclusive концепт со самопослужување (шведска маса). Во рамки на услугата се вклучени појадок, доцна појадок, ручек и вечера со богат избор на јадења, како и попладневни ужини, кафе, чај и колачи, полноќна супа, сладолед и традиционални турски палачинки. Еднаш во текот на престојот, со претходна резервација, гостите можат бесплатно да вечераат во A’la Carte рибниот ресторан.
Хотелски содржини:
На располагање се главен ресторан, A’la Carte рибен ресторан, лоби бар, бар покрај базен, снак бар и аква бар. Хотелот располага со неколку надворешни базени, детски базен и три водени тобогани. За релаксација достапен е спа центар со затворен базен, турско купатило и сауна. Во текот на денот и навечер се организираат анимации и програми, а одредени денови има и жива музика. Wi-Fi интернет е достапен бесплатно во заедничките простории.
Плажа:
Хотелот има сопствена песочно-камчеста плажа долга околу 150 метри. Лежалки, чадори, душеци и пешкири за плажа се вклучени во цената и не се наплатуваат. Плажата е уредена и лесно достапна, со пријатен пристап до морето.
Спорт и забава:
За активните гости на располагање се фитнес центар, одбојка на плажа, ватерполо, аеробик, пинг-понг, пикадо и тениски терен. За децата се организира детски клуб за возраст од 4 до 12 години, мини диско и игралиште, со богат дневен и вечерен анимациски програм.
Услуги и активности со доплата:
Со доплата се користат: увозни и премиум пијалаци, свежо цедени сокови, дополнителни посети на A’la Carte ресторанот, моторизирани и немоторизирани спортови на вода, билијард, осветлување на тениски терен, масажи и спа третмани, чување деца, перење и хемиско чистење алишта, изнајмување автомобил, собна услуга, телефон и факс.