Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Arsi Blue Beach
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација:
Arsi Blue Beach е градски, економичен хотел со 4*, сместен во мирна регија на околу 4,5 км од центарот на Аланија и приближно 130 км од аеродромот во Анталија. Хотелот се наоѓа на само 50 метри од сопствениот дел од песочно-камчестата плажа. Плажата е преку улица, а пристапот е овозможен преку подземен тунел, што го прави хотелот практичен и безбеден избор.

Соби и сместување:
Хотелот располага со околу 123 сместувачки единици, сместени во една зграда на 9 ката со лифт. Во понуда се стандардни и економи соби. Стандардните соби се со површина од околу 20 м² и се погодни за сместување на најмногу две возрасни лица и две деца. Економи собите се со помала квадратура или со поскромна позиција и опрема во споредба со стандардните, но најголемиот дел од нив имаат балкон. Сите соби располагаат со купатило со туш кабина, фен, клима уред, SAT ТВ, телефон (со доплата), Wi-Fi интернет, мини бар (празен, со доплата), сеф (со доплата) и балкон или тераса.

Услуга / Исхрана:
Хотелот работи на All Inclusive концепт, во период од 07:30 до 22:00 часот. Оброците се служат на база на самопослужување со избор од повеќе јадења и вклучуваат доручек, ручек и вечера. Локалните алкохолни и безалкохолни пијалаци се вклучени и се служат во барот покрај базенот од 10:00 до 22:00 часот. Сите пијалаци се служат во чаши, во согласност со хотелските правила.

Хотелски содржини:
На гостите им се на располагање рецепција, лифт, главен ресторан, три бара (лоби бар, бар покрај базен и бар на плажа), како и отворен и затворен базен. Бесплатен Wi-Fi интернет е достапен во заедничките простории на хотелот.

Плажа:
Хотелот има сопствен дел на песочно-камчеста плажа (плажа број 41), оддалечена околу 50 метри. Пристапот е преку подземен тунел. Лежалките и чадорите на плажа се со доплата, додека оние покрај базенот се бесплатни за гостите.

Спорт и забава:
За најмладите гости обезбедени се детски базен, тобогани кои работат во одредени термини, мини клуб, детско игралиште и анимација. Возрасните гости можат да уживаат во релаксација или во активности според хотелската понуда.

Услуги и активности со доплата:
Со доплата се користат увозни и флаширани пијалаци, свежо цедени сокови, сладолед, турско кафе, ајран, сите услуги на плажа, спортови на вода, турска бања, сауна, масажа, собна услуга, лекар на повик, телефон, мини бар, сеф, ТВ куток и останати услуги кои не се дел од All Inclusive концептот.: Хотелот се наоѓа на околу 50 метри од својот дел од плажата. Користењето на чадори за сонце и лежалки се доплаќа.