Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Arsi Hotel
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација:
Hotel Arsi е градски тип хотел со солидна и практична локација, оддалечен околу 1,5 км од центарот на Аланија. Од градската песочно-камчеста плажа е оддалечен приближно 200 метри, при што се преминува улица. Аеродромот во Анталија се наоѓа на околу 130 км од хотелот. Во непосредна близина, на неколку минути пешачење, се наоѓаат ресторани, барови и продавници, што го прави хотелот погоден за гости кои сакаат урбан амбиент и лесен пристап до градските содржини.

Соби и сместување:
Хотелот располага со вкупно 139 соби и околу 350 лежаи. Во понуда се economy и стандардни соби. Economy собите се со помала квадратура, послабо позиционирани или поскромно опремени и најчесто без балкон. Стандардните соби можат да бидат со два кревети или со дополнителен кревет на спрат. Сите стандардни соби се опремени со купатило со туш кабина и WC, фен за коса, split клима уред, празен мини бар, Wi-Fi интернет, балкон, LCD TV и телефон (со доплата).

Услуга / Исхрана:
Хотелот работи на All Inclusive концепт според хотелските правила, во периодот од 10:00 до 22:00 часот. Исхраната е на база на самопослужување со избор од повеќе јадења и вклучува доручек, доцен доручек, ручек и вечера. Во концептот се вклучени локални алкохолни пијалаци (со исклучок на Raki – локална турска ракија) и локални безалкохолни пијалаци, кои се служат во барот покрај базенот од 10:00 до 22:00 часот. Во попладневните часови има и „coffee break“ пауза за кафе од 15:30 до 16:30 часот. Сите пијалаци се служат во чаши.

Хотелски содржини:
На гостите им се на располагање рецепција, лифт, главен ресторан, бар, како и отворен базен за возрасни со оддел за деца и тобоган. Бесплатен Wi-Fi интернет со ограничен проток е достапен во јавните простории на хотелот.

Плажа:
Градската плажа е песочно-камчеста, со влез во морето преку природни камени плочи и се наоѓа на околу 200 метри од хотелот, со преминување на улица. Користењето на лежалки, чадори и барот на плажата е со доплата, како и пијалаците кои се служат таму.

Спорт и забава:
Љубителите на активен одмор можат, со доплата, да уживаат во различни спортови на вода на градската плажа. За релаксација, хотелот нуди можност за користење на турско купатило, сауна и услуги за масажа.

Услуги и активности со доплата:
Со доплата се користат сауна, турско купатило, сеф на рецепција или во лоби, барот на плажа, сите увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, свежо цедени сокови, флаширани пијалаци, турско кафе, коктели, масажи, собна услуга, перење и пеглање алишта, лекар на повик, TV катче, пијалаци во бар по 22:00 часот, локалното пијалo Raki, сладолед, ayran (турски јогурт) и телефон.