Локација:
Hotel Aska Bayview Resort 4* се наоѓа во регијата Инчекум, на околу 25 км од центарот на Аланија и приближно 95 км од аеродромот во Анталија. Хотелот е сместен покрај морето, со директен пристап до док-плажа пред самиот комплекс.
Соби и сместување:
Хотелот располага со вкупно 173 сместувачки единици, распределени во три блока. Стандардните соби се со површина од околу 22 м² и се состојат од една спална просторија со француски лежај и дополнителен помошен кревет, погодни за максимум 2 возрасни и 1 дете. Large собите се со површина од околу 26 м² и имаат француски лежај и два помошни лежаи, со можност за сместување до 2+2 лица. Хотелот располага и со една соба прилагодена за лица со посебни потреби.
Сите соби се опремени со купатило со туш кабина, фен, сплит клима-уред, SAT TV со музички канали, мини бар (само вода), сеф (со доплата), керамички под и балкон.
Услуга / Исхрана:
Хотелот нуди All Inclusive услуга на база на отворен буфет (самопослужување). Во понудата се вклучени доручек, касен доручек, ручек и вечера со избор на повеќе јадења, ужини во текот на денот, полноќна супа до 01:00 часот, како и локални алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10:00 до 24:00 часот. Гостите можат да користат и A’la carte ресторан еднаш за време на престојот, со претходна резервација, како и сладолед во одредени термини.
Хотелски содржини:
На располагање се главен ресторан, A’la carte ресторан со рибни специјалитети, неколку барови во рамките на хотелскиот комплекс и бар покрај базенот. Wi-Fi интернет е бесплатен во лобито на хотелот.
Плажа:
Хотелската плажа е организирана на док веднаш пред хотелот. На гостите им се на располагање чадори, лежалки и пешкири за плажа без доплата.
Спорт и забава:
Хотелот располага со отворени базени за возрасни и деца, тобоган, фитнес центар, турско купатило и сауна. Достапни се и тениски терени, пинг-понг, како и дневни анимациски програми, натпревари и вечерни шоу-програми. За најмладите гости постои мини клуб за деца од 4 до 12 години, детско игралиште и мини диско во вечерните часови.
Услуги и активности со доплата:
Со доплата се користат услугите на лекар, перење и хемиско чистење алишта, фризер, телефон, факс, интернет катче, компјутерски игри, продавници, rent-a-car, како и SPA центар, салон за убавина, спортови на вода и осветлување на тениските терени.