Локација:
Hotel Aska Just In Beach се наоѓа во местото Авсалар / Инчекум, директно на сопствена плажа, на околу 25 км од центарот на Аланија, приближно 100 км од аеродромот во Анталија и околу 110 км од центарот на Анталија. Хотелот е изграден во 1994 година и се состои од три блока – А и Б блок во главната зграда и Ц блок во анекс-зградата, која се наоѓа преку улица и е поврзана со подземен тунел.
Соби и сместување:
Хотелот располага со вкупно 264 соби, од кои 162 стандардни соби се во главната зграда, 92 стандардни соби во анекс-зградата и 10 фамилијарни соби. Сите соби се опремени со клима-уред, телефон, SAT TV, сеф (со доплата), мини бар (се дополнува двапати неделно со вода и сокови), купатило со фен и балкон или тераса. Главната и анекс-зградата располагаат со лифтови.
Услуга / Исхрана:
Хотелот нуди All Inclusive услуга. Во концептот се вклучени доручек, касен доручек, ручек и вечера на база на самопослужување со избор на повеќе јадења според хотелските термини. Дополнително, во текот на денот се служат турски палачинки, сладолед во одредени часови, како и локални алкохолни и безалкохолни пијалаци.
Хотелски содржини:
На гостите им се на располагање рецепција, лоби, главен ресторан, A’la carte ресторани (рибен и мексикански), барови, отворени и затворени базени за возрасни и деца, спа центар со турско купатило и сауна, фитнес центар, како и бесплатен Wi-Fi интернет во лобито. Организирани се дневни и вечерни анимациски програми.
Плажа:
Хотелот има сопствена песочна плажа долга околу 250 метри, носител на „Сино знаме“ на ЕУ за чистота на морето. Чадорите, лежалките и душеците на плажата се бесплатни за гостите на хотелот.
Спорт и забава:
Достапни се отворени и затворени базени, фитнес центар, аеробик, одбојка на плажа, кошарка, како и дневни и вечерни забавни програми. За најмладите гости хотелот нуди мини клуб за деца од 4 до 12 години, мини диско и специјално прилагодена детска анимација.
Услуги и активности со доплата:
Со доплата се користат увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, свежо цедени сокови, A’la carte ресторани (со претходна резервација), спортови на вода, тениски терен и осветлување, билијард, масажи и третмани за нега на лице и тело, фризер, фотограф, маркет, перење алишта, rent-a-car услуга и лекар на повик.