Локација:
Aslan City Hotel се наоѓа во самиот центар на Алања, во близина на познатата Клеопатра плажа. Од аеродромот во Анталија е оддалечен околу 125 км. Благодарение на централната позиција, гостите имаат лесен пристап до продавници, ресторани, барови и градските атракции. Хотелот располага со една главна зграда.
Соби и сместување:
Хотелот има вкупно 115 сместувачки единици, сите од типот стандардна соба, со површина од околу 18 м². Собите се наменети за максимум 2 возрасни лица и 1 дете. Секоја соба е опремена со купатило со туш кабина и фен, сплит клима уред, SAT TV со музички канали, мини бар (празен), сеф (со доплата) и балкон.
Услуга / Исхрана:
Хотелот работи на All Inclusive концепт. Исхраната се организира на база на отворен буфе и вклучува доручек, ручек, кафе и колачи во попладневните часови, како и вечера. Во концептот се вклучени локални алкохолни пијалаци (пиво, домашно вино, вотка и ракија) и безалкохолни пијалаци (концентрирани овошни сокови), кои се служат од 10:00 до 22:00 часот.
Хотелски содржини:
На гостите им се на располагање главен ресторан, бар покрај базенот, како и базен за возрасни и деца. Во хотелот постои и бар на плажа, кој се користи со доплата. Wi-Fi интернет е достапен со доплата.
Плажа:
Хотелската приватна плажа се наоѓа на околу 150 метри од хотелот и е дел од Клеопатра плажата. Користењето на лежалки, сундобрани и пешкири за плажа е со доплата. Лежалките и сундобраните околу базенот се бесплатни за гостите.
Спорт и забава:
Хотелот располага со отворен базен за возрасни и деца. За дополнителна релаксација и активности, достапни се фитнес, турско купатило, сауна, пилинг, масажи и спортови на вода, кои се користат со доплата.
Услуги и активности со доплата:
Со доплата се користат: сите останати домашни и увозни пијалаци надвор од All Inclusive концептот, свежо цедени сокови, флаширани пијалаци, турско кафе, сите пијалаци по 22:00 часот, услуги во snack бар, храна и пијалаци во барот на плажа, Wi-Fi интернет, услуги на лекар (по повик), перење алишта, телефон, факс, rent-a-car, фитнес, SPA содржини, масажи и спортови на вода.: Хотелот има своја плажа која е оддалечена околу 50м, користењето на чадори и лежалки е дополнително со доплата.