Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Atlantica SunGarden Beach
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација:
Хотелот Atlantica Sungarden Beach се издигнува директно над морската обала, на само 100 метри од песочната плажа Glyki Nero, каде лежалките и чадорите се достапни со доплата. Сместен е во близина на центарот на Аја Напа (околу 1 км), со барови и ресторани на приближно 100 м и супермаркет на само 20 м. Во непосредна околина се наоѓаат Sculpture Park, музејот Thalassa, Cape Greco и манастирот Аја Напа. Такси станица е на околу 20 м, а автобуска постојка на околу 50 м од хотелот. Аеродромот во Ларнака е оддалечен приближно 58 км.

Соби:
Хотелот располага со 267 комфорни соби, семејни соби и апартмани, погодни за парови и семејства. Сместувачките единици нудат балкон или тераса, поглед кон внатрешноста, море или базен, како и опции со директен пристап до базен (swim-up). Сите соби се опремени со клима-уред со централна контрола (сезонски), сателитска ТВ, електричен бокал, можност за бебешко креветче и бања со туш. Пешкирите се менуваат неколку пати неделно.

Хотелски содржини:
Atlantica Sungarden Beach е петкатен семеен хотел со рецепција, просторно лоби со бар, лифтови, климатизација, менувачница и бесплатен паркинг. На располагање се два ресторани и четири барови, каде се служат алкохолни и безалкохолни пијалаци во согласност со избраниот тип на исхрана. Бесплатен wi-fi е достапен во јавните простории. Чистењето на собите е вклучено, додека room service и услуги за перење и пеглање се со доплата.

Спорт и забава:
Во надворешниот дел на хотелот има три базени со слатка вода и посебен детски базен, со бесплатни лежалки и чадори, како и pool-бар. Гостите можат да користат тенис (бесплатно), фудбал, одбојка на плажа, фитнес, стоен тенис и пикадо, а во близина на плажата се достапни и водени спортови. За релаксација, на располагање се сауна, парна бања и масажи (со доплата). Во вечерните часови се организира забава со жива музика и шоу-програми. За децата има игралиште и можност за чување деца (со доплата).

Исхрана:
Појадок на база на шведска маса, со можност за полупансион, полн пансион или all inclusive. All Inclusive опцијата вклучува оброци во избрани ресторани, закуски, колачи, како и алкохолни и безалкохолни пијалаци во одредени периоди, welcome drink и една вечера по престој во à la carte ресторан.

Напомена:
Одредени услуги се со доплата и зависат од сезоната. Персоналот зборува англиски, германски, италијански, руски, шпански и грчки јазик.