Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Aydinbey Famous Resort
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација:
Aydinbey Famous Resort се наоѓа во местото Боазкент, предградие на Белек, директно на сопствена песочно-камчеста плажа. Хотелот е оддалечен околу 40 km од аеродромот во Анталија и околу 45 km од центарот на Анталија.

Соби и сместување:
Хотелот располага со вкупно 316 соби, од кои 282 стандардни соби и 34 фамилијарни соби. Стандардните соби се со површина од околу 29 m², со поглед кон околината или страничен поглед кон море. Фамилијарните соби се со површина од околу 45 m² и се состојат од две одделни спални соби. Сите соби се реновирани во 2019 година и располагаат со: клима уред, SAT TV, телефон, мини бар, сеф, купатило со фен и бесплатен Wi-Fi интернет.

Услуга / Исхрана:
Хотелот нуди Ultra All Inclusive – „сѐ вклучено“ услуга. Во концептот се вклучени: појадок, ручек, ужини и вечера (самопослужување – избор на повеќе јадења), како и локални алкохолни и безалкохолни пијалаци според хотелските термини.

Хотелски содржини:
На гостите им се на располагање: главен ресторан, два à la carte ресторани, пет барови, три надворешни базени, два внатрешни базени, детски базен и три водени тобогани. Хотелот располага и со SPA центар, фитнес сала, турска бања и сауна. Организирани се дневни и вечерни анимации, како и дискотека. Wi-Fi интернет е достапен бесплатно во лоби просторот.

Плажа:
Хотелот има сопствена песочно-камчеста плажа. Лежалките, чадорите за сонце, душеците, пешкирите за плажа и барот на плажа се бесплатни за гостите на хотелот.

Спорт и забава:
Гостите можат да уживаат во: аеробик, аква аеробик, стоен тенис, пикадо, боќање, фитнес активности, како и организирани дневни и вечерни забавни програми. За најмладите гости на располагање се детски клуб, игралиште и посебни анимации.

Услуги и активности со доплата:
SPA третмани и масажи, билијард, слот машини, моторизирани спортови на вода, интернет кафе, лекар на повик, чување деца, фризерски услуги, како и услуги за перење, пеглање и хемиско чистење.