Локација: Се наоѓа во Аланија, 800 метри од центарот на градот, на плажата на Клеопатра, околу 130 километри од центарот на Анталија и околу 120 километри од аеродромот во Анталија.
Сместување: Хотелот располага со 62 соби (49 двокреветни, 11 трокреветни и 2 поврзани).
Стандардните соби имаат страничен поглед на море, балкон, сплит клима, ТВ со сателитски и музички канали, бања со туш или када, фен за коса, ламинат или керамички под. Економските соби се помали од стандардните и немаат тераса. Се плаќа: сеф, мини бар, телефон.
Содржина: Тука е и главниот ресторан, à la carte ресторан и 4 барови (базен, лоби, ужина, витамин). На располагање во хотелот има доктор, сервис за перење и пеглање со доплата. Хотелот располага со надворешен базен, внатрешен базен, детски базен, детско игралиште, интернет во лобито на хотелот. Со доплата: фитнес центар, билијард, Турска бања (хамам), сауна, пилинг, масажи и други работи надвор од концептот. Јавно тениско игралиште и центар за спортови на вода се недалеку од хотелот.
Хотелот нуди услуга со полупансион, самопослужување, избор од неколку јадења според правилата на хотелот - во главниот ресторан: појадок и вечера.Се плаќаат сите пијалоци, à la carte ресторан и други предмети надвор од концептот.
Плажа: Хотелот има свој дел на песочната плажа Клеопатрa. Се плаќа: чадори и лежалки на плажа a на базен се бесплатни.