Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Baia Lara Hotel
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација:
Хотелот Baia Lara се наоѓа во регијата Лара, директно на морскиот брег. Удалечен е околу 15 km од аеродромот во Анталија и 17 km од центарот на Анталија. Отворен е во 2009 година, а во 2020 година е целосно реновиран, вклучувајќи ги собите и заедничките простории, со што е подигнат нивото на комфор и современост.

Хотелска понуда:
На располагање на гостите се рецепција, бесплатен Wi-Fi интернет во собите и јавните простории, главен ресторан со внатрешен и надворешен дел, три A’la Carte ресторани (италијански, рибен и месен), неколку snack ресторани, посластичарница, лоби бар, бар покрај базен, бар на плажа, spa juice bar, disco бар, повеќе базени (главен базен, олимписки базен, базен само за возрасни, детски базен, затворен базен), аква парк со водени тобогани, фитнес центар, турско купатило, сауна, парна бања, џакузи, тениски терени, фудбалско и кошаркарско игралиште, одбојка на песок, дневни и вечерни анимации, мини клуб за деца, играоница и паркинг.

Плажа:
Хотелот располага со сопствена приватна песочна плажа. Користењето на лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа е бесплатно за гостите.

Сместување:
Хотелот располага со 498 соби од различни типови:
- стандардни соби, economy соби со француски балкон, семејни соби, suite соби, honeymoon suite и Family Lake House соби со директен излез кон базен.
Сите соби се опремени со клима уред, Wi-Fi интернет, SAT ТВ, мини бар, сеф, кетлер со сет за чај и кафе, фен за коса, купатило, балкон или тераса (телефон – со доплата).

Исхрана:
Ultra All Inclusive – „сè вклучено“: доручек, касен доручек, ручек, вечера, полноќен оброк, како и 24-часовна услуга со локални и одбрани увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, согласно хотелските правила и термини.

Услуги и активности со доплата:
Сите моторни и немоторни спортови на вода, масажи и третмани во SPA центарот, фризер, маникир и педикир, билијард, куглање, електронски игри, изнајмување тениска опрема, приватни павилјони на плажа, услуга за чување деца, лекар, собна услуга, продавници, телефонски и поштенски услуги.