Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Baia Salima Kemer
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација:
Хотелот Baia Salima Kemer (поранешен Club Salima Holiday Village) е комплекс од бунгаловски тип, сместен директно на морскиот брег, опкружен со борова шума, во местото Белдиби, на околу 13 km од центарот на Кемер. Припаѓа на ланецот Baia, препознатлив по висок квалитет на услуга и одличен сервис. Хотелот е оддалечен околу 45 km од аеродромот во Анталија и 30 km од центарот на Анталија. Отворен е во 1989 година, а последен пат реновиран во 2020 година. Се простира на површина од 84.000 m² и располага со 444 соби, распоредени во двокатни објекти. Благодарение на природното опкружување и концептот, хотелот е одлична препорака за мирен и квалитетен семеен одмор.

Хотелски содржини:
Рецепција, лоби, главен ресторан, два A’la Carte ресторани (медитерански ресторан и steak house – со доплата и задолжителна претходна резервација), барови во рамки на комплексот, посластичарница, отворен базен за возрасни и деца, 9 водени тобогани, SPA центар, турско купатило (хамам), сауна, фитнес центар, аеробик, аква аеробик, тениски терен, одбојка на плажа, ватерполо, стоно тенис, пикадо, боќање, дискотека, дневна и вечерна анимација, бесплатен Wi-Fi интернет во заедничките простории. За најмладите - мини клуб, детски базен, водени тобогани, мини диско и разновиден анимациски програм прилагоден за деца.

Плажа:
Хотелот располага со сопствена приватна песочно-камчеста плажа. Користењето на лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа е бесплатно за гостите. Барот на плажа се користи со доплата. На плажата има и понтон, како и павилјони кои се достапни со доплата и претходна резервација.

Соби и сместување:
Собите се опремени со клима уред, SAT ТВ, телефон, сеф, бесплатен Wi-Fi интернет, мини бар, кетлер, фен за коса, купатило и балкон или тераса.

Исхрана:
Ultra All Inclusive – „ултра сè вклучено“, според хотелските правила и термини (самопослужување – избор од повеќе јадења): доручек, касен доручек, ручек, ужина, вечера, полноќна ужина, кафе, чај и колачи, гезлеме, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци.

Услуги и активности со доплата:
Увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, свежо цедени сокови, флаширани пијалаци, енергетски пијалаци, пијалаци во лименка, турско кафе, коктели, пијалаци во A’la Carte рестораните, пијалаци во дискотеката, павилјони на плажа, конференциска сала, SPA центар, масажи (10 простории за масажа), третмани за нега на лице и тело, фризер, фотограф, салон за убавина, спортови на вода, осветлување и опрема за тениски терени, часови по тенис и нуркање, услуга за чување деца, маркет, лекар, собна услуга и други услуги надвор од Ultra All Inclusive концептот.