Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Barut Arum Collection
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација:
Hotel Barut Arum Collection се наоѓа директно на долга приватна песочна плажа, во зелена и уредена околина карактеристична за регијата Сиде. Хотелот е оддалечен околу 3 км од  Сиде, до кое може да се стигне и пеш по крајбрежното шеталиште што минува пред самиот хотел. Аеродромот во Анталија се наоѓа на приближно 60 км од хотелот.

Соби и сместување:
Хотелот располага со вкупно 328 соби, од кои 176 се стандардни соби, како и пространи семејни соби и апартмани со повисок стандард. Стандардните соби се со површина од околу 32 m² и се климатизирани, со сопствено купатило, TV, телефон, Wi-Fi интернет, мини бар, сеф и балкон или тераса. Семејните соби се сместени во главната зграда, се состојат од две одделни простории и се опремени идентично како стандардните соби, нудејќи дополнителен комфор за семејства.

Услуга / Исхрана:
Хотелот работи на Ultra All Inclusive концепт – „сè вклучено“, според хотелските правила и термини. Исхраната се одвива во главниот ресторан на база на шведска маса со богат избор на јадења за доручек, доцен доручек, ручек и вечера. Во текот на денот се нудат различни ужини, слатки, палачинки, пецива и кафе во Bonsai snack барот, сендвичи во Pool Bar, како и сладолед во одредени термини. Вклучено е и ноќна закуска. Хотелот располага со три A’la carte ресторани кои се користат со претходна резервација. Пијалаците се служат според хотелскиот концепт и термини.

Хотелски содржини:
На гостите им се на располагање главен ресторан, три A’la carte ресторани, четири барови, два отворени базени, затворен базен, воден тобоган, бесплатен Wi-Fi интернет, SPA & Wellness центар, турско купатило, сауна, фитнес сала, како и дискотека со бесплатен влез. Хотелот нуди богат дневен и вечерен анимациски програм, музика во живо, спортски активности и специјално осмислен BABY STAR концепт за најмалите гости.

Плажа:
Хотелот располага со приватна песочна плажа со директен пристап од хотелскиот комплекс. Лежалките, чадорите, душеците и пешкирите за плажа се бесплатни за гостите на хотелот.

Спорт и забава:
Гостите можат да уживаат во бројни активности како аеробик, аква-аеробик, фитнес, одбојка на плажа, стоно тенис, мини голф, како и организирани дневни и вечерни забавни програми. За децата на располагање се детски базен, детско мени, мини клуб за деца од 4 до 12 години и разновидни анимации.

Услуги и активности со доплата:
Со доплата се користат собна услуга, луксузни и премиум пијалаци, масажи, џакузи, билијард, спортови на вода, интернет кафе, лекарски услуги, телефон и факс, услуги за перење алишта, како и чување деца.