Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Barut Hemera
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот се наоѓа во областа Kumkoy, оддалечен 3 км од Сиде и 60 км од аеродромот во Анталија. Реновиран: 2016 / 2017      Сместување:Хотелот има 379 соби  во главна зграда и апартмани. Сите соби се со балкон, купатило со туш кабина, фен, централна клима, во апартманите посебен клима уред, телефон, паркет на подот, мини бар, сеф, електричен бокал, сет за кафе и чај, сателитска ТВ, WI-FI интернет.
Содржини: Главен ресторан – Hemera со шведска маса, A’la Carte ресторани: Sandal (рибен ресторан), Sofra (Турска кујна), Akdeniz (Интернационална кујна), Olive (Италијанска кујна), барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, рент а кар, фризер, телефон, продавници, услуги за перење и пеглање дополнително се наплатуват.
Спорт и забава:Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, фитнес центар, Турска бања, сауна, тениски терени, одбојка на плажа, билјард, пинг понг, мини голф се бесплатни. Со доплата: масажа, спортови на вода, With extra charge are: Massage, water sports, Spa и Wellness центар, спортови на вода. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базенот и на плажа, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-12 год. Специјален програм за бебиња од 00 – 2,99 години: количка, подлога, шампон, сунѓер, лосион, греач за шишиња, влажни марамчиња, високо столче...бесплатно, на барање.
Плажа: Хотелска приватна песочна плажа, лежалки, чадори и пешкири на плажа се бесплатни.

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација:
Hotel Barut Hemera 5★ се наоѓа во регијата Кумкој, на самата обала на морето, околу 3 км од Сиде и околу 60 км од аеродромот во Анталија. Изграден е во 1990 година, а реновиран во периодот 2019/2020. Хотелскиот комплекс се простира на околу 55.000 м².

Соби:
Хотелот располага со повеќе типови сместување: superior соби, superior соби со џакузи на балкон, deluxe соби, family соби, deluxe соби со џакузи и deluxe swim-up соби. Сите соби се опремени со купатило, фен, клима уред (централен или индивидуален во deluxe делот), TV, телефон, бесплатен минибар, сеф, сет за кафе и чај, кетлер, бањарки и папучи, како и балкон или тераса.

Хотелски содржини:
Хотелот располага со главен ресторан и четири à la carte ресторани (турски, рибен, медитерански и италијански – со претходна резервација, еднаш бесплатно за време на престојот), диетален и вегетаријански мени, четири барови, конференциски сали, бесплатен Wi-Fi во лоби, внатрешен базен, три надворешни базени и два водени тобогани.

Плажа:
Хотелот има сопствена песочна плажа. Лежалките, чадорите за сонце, душеците и пешкирите за плажа, како и барот на плажа се бесплатни за гостите.

Спорт и забава:
На гостите им се на располагање аква аеробик, аеробик, фитнес центар, сауна, турска бања, парна соба, мини голф, стоен тенис, пикадо, стрелаштво, одбојка на песок, боќање, билијард, тениски терен, немоторизирани спортови на вода, дискотека, музика во живо и дневна и вечерна анимација. За најмладите има детски базен, детски тобоган, мини клуб (4–12 години), детско игралиште и детско мени.

Исхрана:
Ultra All Inclusive – самопослужување (шведска маса) за појадок, ручек и вечера, со вклучени ужини и локални алкохолни и безалкохолни пијалаци според правилата и термините на хотелот.

Услуги и активности со доплата:
Моторни спортови на вода, spa центар и масажи, салон за убавина, фризер, видео игри, лекар, чување деца, перална и хемиско чистење, изнајмување тениска опрема и осветлување на тенискиот терен.