Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Barut Lara Collection
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот се наоѓа во областа Лара, 10км од аеродромот во Анталија и 12км од центарот на Анталија. Хотелот е расположен на плажа.
Сместување: Хотелот  има  463 соби Сите соби се со електронски клуч, балкон, купатило со фен, централна клима, телефон, паркет на подот, сеф, мини бар, сателитска ТВ со ДВД, бањарка и собни папучи, бокал за топла вода за чај и кафе.
Содржини: Прекрасен главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани-Kuyu Turk ресторан–Турска кујна, BBQ ресторан, Turunc International ресторан-Интернационална кујна, Sandal ресторан-морска храна, Akdeniz-Медитеранска кујна,Sofa Fine Dining ресторан – само за возрасни, Olivia ресторан – италианска кујна, Soya ресторан – кујна од далечниот исток, бели пецива, лоби бар, бар покрај базенот, снек бар, ноќен бар. Доктор, перална и хемиско чистење, фен, чување деца, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, шопинг центар, rent a car, дополнително се наплатува.
Спорт и забава :Отворени базени, еден базен со лизгалицi, еден затворен базен (со пресна вода), базен за деца, 5 водени лизгалици, фитнес центар, сауна, Турска бања, три тениски игралишта, одбојка на плажа, игралиште за повеќе намени: кошарка, мини фудбал и одбојка, пинг понг, гимнастика, мини голф, стрелаштво, сквош. Билијард, изнајмување ДВД, масажа, SPA & Thalasso, спортови на вода се наплатуваат. Забавна програма преку целиот ден со натпреварувања и анимации, навечер специјална шоу програма, жива музика. Мини клуб за деца (04-12 год.) со специјална програма преку целиот ден и мини диско навечер. Специјална програма за деца 00 -2,99 години.
Плажа :Песочна хотелска плажа со лежалки, чадори за сонце и пешкири кои не се наплатуваат.

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација:
Hotel Barut Lara Collection 5★ се наоѓа во регијата Лара, директно на песочна плажа, околу 10 км од аеродромот во Анталија и 12 км од центарот на градот.

Соби:
Реновиран во 2022 година, хотелот располага со вкупно 467 сместувачки единици сместени во главната зграда, garden делот и lagoon делот. Во понуда се deluxe соби, deluxe соби со поглед на море, различни suite апартмани, семејни апартмани и swim-up соби со директен пристап до базен. Сите соби располагаат со балкон или тераса, купатило со фен, бањарки и папучи, клима уред, телефон, сеф, минибар, кетлер и сет за кафе и чај, SAT TV и бесплатен Wi-Fi интернет.

Хотелски содржини:
Хотелот располага со главен ресторан Divan и повеќе à la carte ресторани: турски, BBQ, интернационален, рибен, медитерански (само за возрасни), регионален ресторан (само за возрасни), италијанска пицерија и суши бар, како и посластичарница, барови покрај базен и лоби бар, snack зона и ноќен клуб. Во хотелот има и продавници, rent-a-car, како и различни дополнителни услуги.

Плажа:
Хотелот располага со приватна песочна плажа. Лежалките, чадорите за сонце и пешкирите се бесплатни за гостите, додека приватните павилјони на плажа се користат со претходна резервација и доплата.

Спорт и забава:
На гостите им се на располагање надворешни базени, полуолимписки базен, внатрешен базен, внатрешен базен со морска вода, детски базен и воден парк со 5 тобогани. Хотелот нуди фитнес центар, сауна, турска бања, тениски терени, одбојка на плажа, мултифункционално спортско игралиште, стоен тенис, мини голф, стрелаштво и сквош. Организирани се дневни активности, вечерни шоу-програми и музика во живо. За децата постои мини клуб (4–12 години) и специјален Bary Star концепт за бебиња со опрема на барање.

Исхрана:
Ultra All Inclusive – појадок, доцен појадок, ужини, ручек, попладневни колачи и торти, вечера и доцна ноќна ужина на база на шведска маса, со вклучени локални и одбрани увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци. Во текот на главните оброци се нуди и веганска и безглутенска храна. À la carte рестораните се користат со претходна резервација.

Услуги и активности со доплата:
Луксузни пијалаци, специјални вина и флаширани пијалаци, нaргиле, room service, Secret Grill ресторан, spa и thalasso центар, масажи и козметички третмани, билијард, спортови на вода, услуги на лекар, чување деца, фризер, перална и хемиско чистење.