Локација: Хотелот е лоциран директно на обалата на Црвеното море, на само 400м од сопствена песочна плажа, околу 7км од аеродромот во Хургада и 3км од центарот на градот.
Соби: Хотелот располага со 215 пространи соби со бања, фен, сателитскаТВ, телефон, клима, мини бар и балкон.
Содржини: Хотелот поседува 1 главен ресторан и 1 a la carte ресторан, 6 барови, продавница за сувенири, менувачница, фризер,сервис за перење и пеглање.
Спорт и забава: Во состав на хотелот Bel Air Azur на располагање се базени со површина од 800m2.
Хотелот располага и со тениски терени, сквош, пинг понг, одбојка на плажа фитнес центар. Во состав на СПА центарот има парна бања, џакузи, сауна и понуда на различни масажи.
Плажа: Сопствена песочна плажа.