Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Blend Club Aqua Resort
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Се наоѓа во јужниот дел на Хургада, на околу 10 километри од центарот и аеродромот.

Сместување: Хотелот е реновиран (поранешен хотел Golden 5 Club) и е отворен во март 2022 година. Се состои од 3 двокатни главни згради и нуди Хотелот нуди 362 сместувачки единици и сите имаат балкон/тераса, клима уред, САТ LCD телевизор, котел , сеф, фен... Дел е од комплексот Blend City.

Содржина: Во склоп на комплексот се наоѓа и еден од најголемите аква паркови во Хургада, кој се простира на површина од 26.015 м2 (со повеќе од 36 тобогани), а покрај различните забавни и спортски објекти, на гостите им се достапни и бројни ресторани и барови. Хотелот нуди два базени за возрасни, детски базен, аква парк со 36 лизгалки, боче топка, фудбалско игралиште, тениско игралиште, одбојка на плажа, пинг-понг, аеробик, Wi-Fi интернет (во заеднички простории). Услуга за перење и пеглање, продавници, аптека, лекар, менувачница, паркинг, лимузина. Услугата во хотелот е All Inclusive - појадок, ручек и вечера (самопослужување - избор од неколку јадења според правилата на хотелот). Концептот вклучува локални алкохолни безалкохолни пијалоци и закуски. Хотелот ги нуди главниот ресторан Fenti, Beach Restaurant и Themed Restaurant (ориентална кујна). На гостите им се достапни и барови - Лоби бар, Аква парк бар, бар базен, Shinx Chill Out и Beach Bar.

Плажа: Хотелот има своја плажа со постепен влез во морето. Користењето на чадори и лежалки е бесплатно за гостите на хотелот. Има бесплатен превоз до плажата, која се наоѓа на околу 700 метри од зградата на хотелот.