Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Capo Bay Hotel
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација:
Capo Bay Hotel е одлично позициониран на познатата Fig Tree Bay, една од најубавите песочни плажи во регионот. Туристичкиот центар на Protaras е на 100 m, во непосредна близина има бројни ресторани, барови и продавници. Paralimni е оддалечен 5 km, Ayia Napa околу 6 km, а националниот парк Cavo Greco само 2 km. Такси станица има пред хотелот, автобуска станица на 100 m, а болница на 5 km. Аеродромот во Ларнака е на 67 km.

Соби и сместување:
Хотелот располага со 225 модерно уредени соби и апартмани лоцирани во главна и дополнителна зграда. Сите сместувачки единици имаат балкон или тераса, индивидуално прилагодлива клима, сателитска ТВ, бесплатен сеф, електричен бокал, минибар (со можност за доплата), интернет (делумно со доплата) и сопствена бања. На располагање се стандард соби со различни погледи, делукс соби со поглед море, junior suitе, duplex suite, како и фамилијарни соби со две поврзани соби, со страничен или директен поглед кон море.

Хотелски содржини:
Гостите имаат на располагање 24-часовна рецепција, пространо лоби со бар, шест лифтови, климатизација низ целиот комплекс, минимаркет, берберницa, бесплатен паркинг и менувачница. Хотелот располага со три ресторани и три барови, како и free Wi-Fi. Присутни се адаптирани простори за гости со намалена подвижност, вклучително и лифтови и соодветни бањи. Достапни се услуги на консиерж, сервис за чистење (бесплатно), како и перална и room service со доплата. Комплексот има два надворешни базени со дел за деца, опкружени со лежалки и чадори кои се бесплатни за гостите. Пул-барот функционира од 10:00 до 22:00. Хотелот нуди богат wellness центар со сауна, парна бања, џакузи, хамам и масажи (делумно со доплата).

Спорт и забава:
Гостите можат да уживаат во тенис (бесплатно), фитнес, одбојка, билијард, пинг-понг и бадминтон (делумно со доплата). Во близина има можности за водени спортови. Постојат активности и музика во живо за возрасни, а за децата е организиран мини клуб и програма со активности за возраст од 4 до 12 години, неколку пати неделно. Достапно е и бебиситерство со доплата, како и игралиште на отворено и gaming room.

Исхрана:
Појадокот се сервира на шведска маса од 07:00 до 10:00. Полу пансионот вклучува појадок и ручек или вечера во избрани ресторани, со можност за детски менија. Full Board опфаќа појадок, ручек и вечера, исто така во селектирани ресторани.

Напомени:
Одредени услуги зависат од сезоната и временските услови. Во хотелот се зборуваат англиски, германски, француски и руски јазик.