Локација:
Cavo Maris Beach се наоѓа директно на прекрасна песочно-каменеста плажа, на околу 1,5 km од центарот на Protaras. Во близина се достапни такси и автобуска станица (300 m) и можност за изнајмување автомобил. Продавници и супермаркет има на 1,5–2 km, а барови, ресторани и ноќни клубови исто така на околу 1,5 km. Во околината се наоѓаат Fig Tree Bay (2 km), Cavo Greco (6 km), Thalassa Museum (9 km), Prophet Elias Church (1,5 km) и Ayia Napa (7–9 km). Болница има на 13 km. Аеродромот Ларнака е на 67 km.
Соби и сместување:
Хотелот располага со 277 соби лоцирани во шесткатна зграда. Сите сместувачки единици имаат балкон или тераса, централен систем за климатизација и греење, сателитска ТВ, бесплатен интернет, електричен бокал, сеф, минибар (со доплата) и модерна бања. На располагање се superior соби со поглед кон внатрешност, страничен или директен поглед море, како и superior и deluxe фамилијарни соби со кревети на спрат и поголем простор за сместување.
Хотелски содржини:
Комплексот нуди 24-часовна рецепција, лоби со бар, три лифтови, климатизација, мини маркет и други продавници, фризерски салон, бесплатен паркинг и менувачница. Wi-Fi е бесплатен низ целиот хотел. Објектот е целосно прилагоден за лица со намалена подвижност, со пристапни лифтови и соодветни бањи. Услугите како room service, перење и пеглање се достапни со доплата. Во пространиот надворешен дел има еден голем базен со посебен детски дел, опремен со бесплатни лежалки и чадори. Покрај базенот функционира пул-бар од 10:00 до 18:30. Во затворениот дел хотелот нуди wellness центар со сауна, парна бања, хамам, масажи и спа услуги (со доплата), како и џакузи без доплата.
Спорт и забава:
Гостите можат да уживаат во тенис (со депозит), билијард, пинг-понг (со депозит), дартс, фитнес, јога, пилатес и аеробик. На плажата се нудат разни водени спортови – вклучително и водни скутери, скијање на вода и брзи чамци. Организирана е дневна и вечерна анимација со музика во живо. За децата постои мини клуб (4–12 години), анимациска програма, детско игралиште и можност за бебиситерство (со доплата). Достапна е и игротека.
Исхрана:
Појадокот се сервира на шведска маса од 07:15 до 10:00. Half Board опфаќа појадок и ручек или вечера со можност за детски менија. Full Board содржи појадок, ручек и вечера во избрани ресторани. All Inclusive нуди три оброци, закуски во текот на денот, кафе и чај, сокови, пиво, вино и национални алкохолни пијалаци од 10:00 до 00:00.
Напомени:
Некои услуги зависат од сезоната и временските услови. Хотелот зборува англиски, германски, руски и грчки јазик. Се прифаќаат Visa и MasterCard.