Локација:
Хотелот Christofinia се наоѓа на околу 300 метри од песочната плажа Nissi Beach, една од најпознатите во Аја Напа. Плажата е јавна, а лежалките и чадорите се достапни со доплата. Хотелот е сместен на втора линија од море, во близина на барови и ресторани (околу 170 м), со супермаркет на околу 200 м. Такси станица и автобуска постојка се на околу 50 м од хотелот. Аеродромот во Ларнака е оддалечен приближно 58 км.
Соби:
Christofinia располага со 189 соби, распоредени во главна и придружна зграда. Сите соби имаат балкон или тераса, индивидуално регулиран клима-уред (март–октомври) и греење, сателитска ТВ, бесплатен wi-fi и сеф без доплата. Во дел од собите има и апарат за кафе. Бањите се со туш, а пешкирите се користат со депозит.
Хотелски содржини:
Хотелот е четирикатен објект со рецепција, лоби, лифтови, климатизација, мини-маркет, неколку продавници, менувачница и бесплатен паркинг. На располагање се два ресторани и два барови. Бесплатен wi-fi е достапен во целиот хотел, а чистењето на собите е вклучено.
Спорт и забава:
Во надворешниот дел има еден базен со слатка вода со вграден детски дел (во функција од април до ноември), со бесплатни лежалки и чадори, како и pool-бар. Гостите можат да користат стоен тенис и пикадо, а со доплата и тенис, билијард, фитнес и масажи. Во близина на плажата има можности за водени спортови, а за децата е достапен мини-клуб.
Исхрана:
Појадок на база на шведска маса, со можност за полупансион или all inclusive (со детски менија, бесплатен интернет и користење сеф со депозит).
Напомена:
Одредени услуги се со доплата и зависат од сезоната. Персоналот зборува англиски, руски и грчки јазик.