Локација: Хотелот се наоѓа во заливот Sharks, со поглед на островот Tiran, оддалечен 7км од аеродром и 18км од центарот на Naama Bay. Хотелот е со слична архитектура како Cyrene Sharm , со кој преставуваат еден комплекс (со 2 две различни рецепции и одвоени базени).
Сoби: Хотелот има 207 соби и сите имаат купатило, фен, сателитска, клима уред, минибар и балкон.
Хотелски содржини: Покрај главниот ресторан, има и A-la carte ресторан, 4 барови (еден на плажа), менувачница, СПА центар,продавница и WiFi во лобито со доплата.
Спорт и забава: На располагање се 2 надворешни базени, со одвоен дел за деца, билијард, пинг понг, гњурење и спортови на вода. За најмладите има детски клуб, игралиште и дискотека.
Плажа: Плажата ја дели со сестринскиот хотел и е оддалечена околу 400м (преку непрометна улица), до која има трансфер со минибус.