Локација
Хотелот е на 3 км од аеродром во Хургада и на 7 км од центарот на градот. Поициониран е на почетокот на туристичката зона и шеталиште Мемша, веднаш до луксузниот Albatros White Beach. Овој хотел со 3* е сместен во бујна градина од палми, располага со 7 ресторани и 7 барови, пространи модерни соби со поглед на градина или море.
Сместување
Хотелот располага со вкупно 522 сместувачки единици, вклучувајќи стандардни соби и бунгалови. Сите се опремени со клима уред, ТВ, минибар (вода), сет за кафе/чај, сеф, Wi-Fi (во соби со доплата), бања со туш или када и фен. Секоја соба има балкон или тераса, додека бунгаловите нудат дополнителна приватност и директен контакт со градината..
Услуга
Сѐ вклучено. Храна и пијалоци според хотелскиот концепт. All inclusive – шведска маса за појадок, ручек, вечера во главен ресторан, чај и закуски во снек ресторан на плажа во определени часови. Roxy бар и Swimming pool бар (со доплата од 00.00 часот до 09.00часот), Fresh juice бар со доплата. Рестораните El Dawar, El Gaucho, The Pirates (ресторан со морска храна), La Piazzetta (италијански ресторан) Asian Corner & Teppanyaki во период на рестрикциите за Covid 19 може да се затворени.
Содржини
Хотелот располага со ресторани и барови каде што се служат храна и пијалоци според All inclusive концептот на хотелот, 2 надворешни базена за возрасни и за деца, одбојка на плажа, тениско игралиште (доплата за осветлување и за часови по тенис), билијард (деца под 16 год со присуство на родител). Со доплата се разновидни спортови на вода, јавање камили.
Плажа
Хотелот има убава сопствена песочна плажа со постепен влез во вода. Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни. На плажата има можности за одбојка и други активности.
Напомени
Хотелот е pet-friendly (мали миленици до 5 kg). Добар избор за гости кои сакаат централна локација, директен пристап до плажа и разновидна All Inclusive понуда.