Локација: Хотелот се наоѓа во регионот Лара, на 14км од аеродромот во Анталија и 16км од центарот на Анталија.
Сместување: Хотелот има вкупно 896 соби кои се во 8 меѓусебно поврзани згради. Сите соби се опремени со купатило со туш, фен, клима, телефон, мини бар (секојдневно се дополнува само со вода), сеф (се доплаќа), сателитска ТВ и музички канали, безжичен интернет со доплата.
Содржини: Хотелот има главен ресторан со шведска маса, A’la Сarte ресторани-Турски, Италијански и Рибен, исто така и повеќе барови низ целиот хотелски комплекс. Услуги на доктор, чување деца, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, rent a car дополнително се наплаќа. Бесплатен интернет во лобито и ресторанот на хотелот .
Спорт и забава: Хотелот има отворен базен за возрасни и деца, лизгалици на вода, Турска бања, сауна, соба со пареа, пикадо, фитнес центар. Спортови на вода, билијард, масажи и Спа третмани се наплаќаат дополнително . Забавна програма преку целиот ден и шоу програма навечер. Мини клуб за деца од 4-12 год.
Плажа: Хотелска приватна песочна плажа, на 200м од хотелот. Лежалките, чадорите за сонце и пешкирите за на плажа се бесплатни за гостите на хотелот.