Локација: Луксузен хотел со повеќе од 2000 палми, се наоѓа во заливот Sharks, на 7 км од центарот на Naama bay и на 8 км од аеродромот.
Сoби: Хотелот има вкупно 526 луксузно опремени и климатизирани соби, со купатило, фен, сателитска телевизија, телефон, сеф, минибар и балкон.
Хотелски содржини: Покрај главниот ресторан, хотелот има 3 a la carte ресторани, 4 барови, продавници, козметичко студио, амбуланта. Wi Fi конекцијата е бесплатна во лобито на хотелот.
Спорт и забава: На раполагање на гостите има голем базен во вид на лагуна, модерно опремен СПА и фитнес центар, терени за тенис, одбојка, фудбал, кошарка и различни спортови на вода. За најмладите има детски базен, мини клуб и анимација.
Плажа: Хотелот има сопствена приватна плажа која е долга 450м, и понтонски мост за влез.