Локација:
Grecian Bay се наоѓа директно на своја приватна песочна плажа со бесплатни лежалки и чадори за гостите на хотелот. Туристичкиот центар на Аја Напа е на околу 300 м, а во непосредна близина има барови, ресторани и продавници. На пешачка оддалеченост се Ayia Napa Monastery и Sculpture Park (1 км). На 30 м има автобуска станица, а такси веднаш пред хотелот. Болницата е на 6 км. Аеродром Ларнака се наоѓа на окулу 58 км оддалеченост. Хотелот обезбедува бесплатен shuttle превоз до Grecian Park Hotel.
Соби и сместување:
Ризортот располага со 271 модерно и делумно обновени соби, распоредени во главна и споредна зграда. Сите соби се климатизирани и имаат балкон, Wi-Fi, ТВ, минибар, телефон, сеф (делумно со доплата), како и современа бања со када или туш. На барање се достапни и бебешки креветчиња.
Хотелски содржини:
На располагање на гостите има 24-часовна рецепција со пространо лоби со бар, три лифта, менувачница, бутик-продавници, бесплатен паркинг и обезбедена пристапност за лица со попреченост. Хотелот располага со четири ресторани (вклучително и a-la-carte опции) и snack бар. Бесплатен Wi-Fi е достапен низ целиот комплекс. Достапни се услуга во соба и перална со доплата.
Спорт и забава:
Во надворешниот дел се наоѓа голем базен од 650 m² со детско одделение и бесплатни лежалки и чадори, како и бар покрај базенот. На плажата веднаш пред хотелот се нудат водни спортови како jet ski и water ski преку локални оператори. Хотелот нуди тениски терени, билијард, пинг-понг, аеробик и фитнес. Во spa центарот гостите можат да користат сауна, парна бања и џакузи бесплатно, а солариум и масажи со доплата. Обезбедена е вечерна анимација, мини клуб за деца од 4 до 12 години, детско игралиште и babysitting услуга.
Исхрана:
Хотелот нуди појадок на шведска маса (07:00–10:00), полупансион (појадок и ручек или вечера) и целосен пансион. Оброците се сервираат во селектирани ресторани.
Напомени:
Одделни содржини работат сезонски или зависно од временските услови. Дел од спортовите и spa услугите се со доплата. Shuttle превозот до Grecian Park e бесплатен и следи хотелски распоред.