Локација:
Grecian Park е еден од најреномираните хотели во регионот и се наоѓа издигнат на клиф над убава песочно-карпеста плажа, до која редовно сообраќа бесплатен шатл. Познат е како одличен избор за парови, младоженци и гости кои бараат мирна атмосфера и врвна услуга. На околу 1 km има супермаркет, додека центарот на Протарас е 6 km, а Аја Напа околу 5 km. Такси и автобуска станица има веднаш до хотелот, а болница на околу 9 km. Аеродромот во Ларнака е оддалечен 67 km. Хотелот нуди и бесплатен дневен шатл до Grecian Bay Hotel во Аја Напа.
Соби и сместување:
Хотелот располага со 243 удобни и стилски уредени соби и апартмани, сите со дневен престојен дел, приватен балкон или тераса и поглед кон внатрешноста или морето. Сите се опремени со климатизација, телевизор, бања со туш или када и стандардни хотелски удобности. На располагање се Standard, Superior, Executive, Family Room и повеќе типови Suite категории.
Хотелски содржини:
Гостите имаат пристап до 24-часовна рецепција, пространо лоби со бар, шест лифтови, бутик, мини маркет, дискотека, салонот за убавина и менувачница. Собите и заедничките простории се покриени со бесплатен WiFi. Паркингот е бесплатен. На барање се достапни адаптирани содржини за гости со намалена подвижност. Секојдневно чистење и concierge услуга се достапни без доплата, додека room service и перење се наплаќаат. Хотелот располага со голем надворешен базен од околу 1000 m², со издвоен детски дел и бесплатни лежалки и чадори. Коктели и ладни пијалаци се служат од пул-барот. На плажа се изнајмуваат лежалки и чадори со доплата.
Исхрана:
Појадокот се служи на шведска маса од 07:00 до 10:30. Хотелот нуди Half Board и Full Board програми, со оброци во селектирани ресторани. Во хотелот работат три ресторани и неколку барови. Детски менија се достапни.
Спорт и забава:
Гостите можат да користат фитнес сала, да учествуваат во аеробик и јога активности или да играат тенис, билијард и пинг-понг. На околу 300 m од хотелот се нудат водени спортови (локални провајдери). Постојат и велосипедски услуги. Спa центарот располага со сауна, џакузи и парна бања без доплата, додека солариум, хамам и масажи се со доплата. Вечерни шоу програми и музика во живо се организираат редовно. За децата има игралиште и мини клуб од 4 до 11 години, како и babysitting со доплата.
Напомени:
Некои услуги зависат од сезона. Прифаќа Visa, MasterCard, American Express, JCB и Diners Club. Хотелот нуди бесплатен шатл до Grecian Bay Hotel во Аја Напа во определени термини.