Локација:
Grecian Sands е сместен непосредно над песочната плажа Glyki Nero, каде за користење на лежалки и чадори се доплаќа. Туристичкиот центар на Аја Напа е на околу 500 м, а во близината има бројни барови, ресторани и продавници. Во непосредна близина се Sculpture Park (50 м), а Ayia Napa Monastery е на околу 2 км. На 10 м има такси станица, на 20 м автобуска станица, а болницата се наоѓа на 7 км. Аеродром Ларнака е на 58 км. Хотелот обезбедува бесплатен shuttle превоз до Grecian Park Hotel.
Соби и сместување:
Хотелот располага со 224 модерни и делумно реновирани соби со балкон, клима, Wi-Fi, ТВ, минибар (делумно со доплата), сеф без доплата, електрично бокалче и модерна бања со када или туш. Сите соби имаат ламиниран под и дневно менување на пешкири. Достапни се различни типови: стандардни со внатрешен поглед, страничен или директен поглед кон море, супериор соби, студија, фамилијарни и суити со поглед кон море.
Хотелски содржини:
Гостите располагаат со 24-часовна рецепција, лоби со бар, три лифта, менувачница, продавници, киоск и бесплатен паркинг. Во рамките на хотелот функционираат три ресторани, snack бар и популарниот Roof Burger Bar со панорамски поглед. Wi-Fi е бесплатен. Достапни се услуга во соба и перална со доплата.
Спорт и забава:
Хотелот нуди надворешен базен со детско одделение, бесплатни лежалки и чадори, како и бар покрај базенот. На плажата веднаш пред хотелот се нудат водни спортови како jet ski, water ski и speedboat rides преку локални оператори. Во хотелот се достапни тениски терени, билијард (со депозит), фитнес, парна бања (бесплатно), како и сауна, масажи и spa третмани со доплата. Во вечерните часови се организираат музика во живо и забавна програма. За децата има мини клуб (4–12 години), игралиште и babysitting услуга (со доплата).
Исхрана:
Хотелот нуди појадок на шведска маса. Полупансионот вклучува појадок и ручек или вечера, а целосниот пансион – појадок, ручек и вечера, сервирани во селектирани ресторани.
Напомени:
Одделни содржини работат сезонски или зависно од временските услови. Дел од спортовите, spa услугите и водните активности се со доплата. Shuttle превозот до Grecian Park Hotel е бесплатен и следи хотелски распоред.